Камен Дол (Црешнево)
Камен Дол — археолошко наоѓалиште во поречкото село Црешнево. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во непосредната близина на селската црква „Св. Спас“ и во оконите ниви, каде на голема површина се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и градежен материјал. Некрополата е откриена на западната периферија на селото, а гробовите се градени од камени плочи. Пронајдени се питоси и неколку римски и рановизантиски монети кои се сопственост на жител од селото Белица.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Минојца — некропола од римско време;
- Брест — населба, црква и некропола од римско време;
- Црешнево;
- Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Црешнево (Порече)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Македонски Брод
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Поречко