Белица (Порече)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Белица
Поглед на дел од село Белица.jpg

Дел од селото Белица

Белица се наоѓа во Republic of Macedonia
Белица
Местоположба на Белица во Македонија
Координати 41°40′33″ СГШ 21°18′15″ ИГД / 
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен регион
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Општина Македонски Брод
Област Порече
Население 106[1] жит.
Пошт. бр. 6533
Повик. бр. 045
Надм. вис. 550 м
Commons-logo.svg Белица на Ризницата


Белица — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на селото прв пат е споменато како „Белица“ во турски документи од 1468 година. Името потекнува од бел, семантички еквивалент на „Бела Река“. Преземено од хидронимот Белица, настанат од придавската синтагма „Бела (Вода)“ од бел „кој има боја на снег, на млеко: прозрачен, чист“.[2]

За името Белица постојат две теории, едната вели дека поради белата бистра река се нарекло Белица, а додека другата теорија вели дека село е наречено по легендата за некоја девојка Белаица, која во тој период требало да се потурчи, не не прифатила и се фрлила во реката и по тоа селото и реката го носат името Белица.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Белешница пред вливот во Треска

Селото се наоѓа во областа Порече, на крајниот источен дел од Општина Македонски Брод, чиј атар високо се издига меѓу планините Караџица и Даутица.[3] Селото е рамнинско, на надморска височина од 550 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 34 километри.[3]

Белица има еден од поголемите атари по површина во Македонија, со вкупна големина од 89 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.029,8 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 1.632 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 145,4 хектари.[3]

Низ реката тече реката Белица, најголема притока на реката Треска. Реката претставува заштитен споменик на природата.

Во близина на селото постојат бројни подземни пештени, кои изобилуваат со внатрешна пештерска кореографија, како што се пештерите: Момичак, Лапарница и Гулубарница.

Селото се дели на две маала: Долна и Горна Белица, кое пак е дополнително раситнето на неколку подмаала.

Историја[уреди | уреди извор]

Белица во минатото се викала Виниче но поради некоја болест населението во него изумрело. Подоцна, селото настанало со доселување од неколку села, како од селата: Бенче, Рамне и еден мал дел од Локвица.

Во XIX век, Белица било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Артефакт од археолошкото наоѓалиште Миткороен во селото претставен во Најмалиот етнолошки музеј на светот во селото Џепчиште

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долна Белица имало 26 жители, а во селото Горна Белица имало 180 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Белица имало 320 жители.[5]

И ова село, како и сите останати во општината, било зафатено со миграциските движења. Во 1961 година, Белица броела 376 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 146 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Белица имало 106 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 206 320 368 415 376 359 241 170 146 106
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец, Модриште и Црешнево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Белица се наоѓале селата Брезница, Вир, Калуѓерец, Могилец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0262 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 55 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Пантелејмон“
Археолошки локалитети[11]
  • Варница — некропола од доцноантичкото време;
  • Кале — градиште од доцноантичкото време;
  • Миткороен — утврдена населба од доцноантичкото време;
  • Ридот — населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола;
  • Столоватец — градиште од доцноримско време;
  • Глибовец — кастел од доцноантичкото време;
  • Аништа — некропола од средниот век; и
  • Влак — некропола од средниот век.
Цркви[12]
Пештери
  • Голубарник — позната е по специфичните лилјаци, уникатниот бисер и загадочниот човечки череп;
  • Лапарник — според категоризацијата на пештерите во Македонија, оваа пештера спаѓа во групата на забележителни пештери; и
  • Момичек — важи за една од наколоритните пештери во Македонија.
Реки
  • Белица — десна притока на Треска, заштитен споменик на природата

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 4 септември 2017 г. 
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 45. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 24. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. конс. 4 септември 2017 г. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-154.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. конс. 16 октомври 2017 г. 
  10. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=51&ps=325#. конс. 16 октомври 2017 г. 
  11. „Археолошка карта на Република Македонија“, Том 2, издание на МАНУ, Скопје, 1996.
  12. „БРОДСКО АРХИЈЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО  » Манастиречка парохија“ (на македонски). Дебарско-кичевска епархија. http://www.dke.org.mk/namesnistva/brodsko.asp#02_manastirecka_parohija. конс. 31 март 2010 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]