Долни Манастирец
Долни Манастирец | |
![]() Улица низ селото | |
Координати 41°37′36″N 21°12′38″E / 41.62667° N; 21.21056° EКоординати: 41°37′36″N 21°12′38″E / 41.62667° N; 21.21056° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 169[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6533 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03031 |
Надм. вис. | 500 м |
![]() |
Долни Манастирец — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Порече, во средишниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 32 километри.[2]
Има голем атар, кој зафаќа површина од 18,6 км2, кој го дели со селото Горни Манастирец. На него преовладуваат шумите на површина од 1.270,3 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 188,3 хектари, а на пасиштата само 76,2 хектари.[2]
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Долни Манастирец било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 410 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Манастирец (Горни и Долни, заедно) имало 480 жители.[4]
Во Долни Манастирец, бројот на населението по пат на иселување, се преполовил. Така, во 1961 година селото броело 309 жители, а во 1994 година 133 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долни Манастирец имало 169 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 410 | 480 | 242 | 329[7] | 309 | 232 | 243 | 152 | 133 | 169 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Долни Манастирец, Горни Манастирец и Старо Село (во минатото наведените три села биле сметани како едно) се чисто македонски православни села. Селата се состојат од четири маала: Старо Село, Ново Село, Мало и Василковци. Во селата има староседелски и доселенички родови.
Родови во Старо Село се:
- Староседелци: Ѓурчевци (4 к.), Данковци (4 к.) и Милошевци (2 к.), Милошевци трипати се селеле во Модриште и се враќале назад.
Родови во Ново Село се:
- Староседелци: Велковци (13 к.), Учумовци (5 к.), Митревци (10 к.), Бунташевци (6 к.) и Веселиновци (1 к.), порано живееле во маалото Старо Село. Учумовци и Велковци се еден род. Учумовци некое време живееле и во Драгов Дол. Митревци некое време живееле во скопско и тетовско;
- Доселеници: Чкорлевци (2 к.), доселени се од некое место во околината на Скадар во Албанија.
Во Мало се родовите:
- Староседелци: Кочовци (9 к.), Жежовци (4 к.) и Кокаревци (4 к.), се еден род и се староседелци, порано живееле во Старо Село;
- Доселеници: Петковци (8 к.) и Клишуровци (6 к.), потекнуваат од заеднички предок кој дошол како домазет однекаде.
Во маалото Василковци е само родот:
- Доселеници: Василковци (8 к.), основачот на родот Василко дошол од охридско, кај Кочовци и тука останал и се оженил и основал маало.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Пошта (6533)
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Долни Манастирец се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било седиште на тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборно место бр. 0244 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Долни Манастирец и Старо Село, кое е сместено во Селскиот дом во Долни Манастирец.[9]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 102 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 99 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Црква — населба и некропола од доцноантичко време.
- Цркви[13]
- Црква „Св. Ѓорѓи” — главна селска црква
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 октомври 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 103. Посетено на 2 октомври 2017.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ Податоците за населеното место Старо Село, согласно важечката територијална организација за време на Пописот од 1953 година, се содржани во податоците за населеното место Долни Манастирец.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Долни Манастирец на Ризницата ?