Долно Ботушје
Долно Ботушје Долно Ботуше | |
Координати 41°43′27″N 21°5′50″E / 41.72417° N; 21.09722° EКоординати: 41°43′27″N 21°5′50″E / 41.72417° N; 21.09722° E | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Горно Порече |
Население | 34 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 03006 |
Надм. вис. | 1.061 м |
![]() |
Долно Ботушје или Долно Ботуше — село во западниот дел на Општина Македонски Брод, западна Македонија, на границата со Општина Гостивар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горно Порече, на источните падини на планината Добра Вода. Северната атарска граница ја исцртува Ботушка Река, десна притока на Мала Река, која пак е најголема лева притока на Треска.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 57 семејства и 4 неженети, сите христијани.[1]
Во XIX век Долно Ботушје било село во Поречката нахија на Кичевската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Ботуше (Горно и Долно) (Bétouché) имало 26 домаќинства со вкупно 108 жители Македонци.[2][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ботуше (Горно и Долно) имало 410 жители Македонци христијани.[2][4]
На почетокот на XX век целото село потпаднало под српската пропаганда. Според митрополитот Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Ботуше има 46 „српски“ куќи.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ботуше (Горно и Долно) имало 400 Македонци под црковно врховенство на Цариградската патријаршија, но со просрпски склоности.[2][6]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го означува Ботуше (Горно и Долно) како македонско село.[2][7]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот од 2002 г. селото има 34 жители Македонци.[8]
Население низ историјата[уреди | уреди извор]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[9] | 1905[10] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 410 | 400 | 422 | 491 | 511 | 443 | 164 | 68 | 51 | 34 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови[уреди | уреди извор]
Долно Ботушје е македонско село.
Родови во селото се: Ралушина (10 к.), Ѓулковци (3 к.) и Јанчевци (7 к.) староседелски родови; Аслана (15 к.) потекнуваат од некој Латин говедар, кој дошол, но не се знае откаде; Сејдија (8 к.) водат потекло од некој Сејдија, кој е доселен, но не се знае откаде.[12]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборно место бр. 0251 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 24 гласачи.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 20 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Верски објекти[уреди | уреди извор]
Долно Ботушје ѝ припаѓа на Манастиречката парохија во Бродското архијерејско намесништво на Дебарско-кичевската епархија na МПЦ-ОА. Селото ги има следниве верски објекти:[16]
- „Св. Никола“ („Св. Јован“) — црква, изградена во 1915 г.
- „Успение на Пресвета Богородица“ — манастир
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 235
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 94-95.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 258.
- ↑ Попис на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Бродско архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 7 март 2014.