Растеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Растеш
Поглед на село Растеш.jpg

Панорамски поглед на селото Растеш

Растеш is located in Македонија
Растеш
Местоположба на Растеш во Македонија
Координати 41°44′48″N 21°6′12″E / 41.74667° СГШ; 21.10333° ИГД / 41.74667; 21.10333Координати: 41°44′48″N 21°6′12″E / 41.74667° СГШ; 21.10333° ИГД / 41.74667; 21.10333
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 58[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Надм. вис. 720-1000 м
Commons-logo.svg Растеш на Ризницата


Растеш — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на селото прв пат е споменато како „Храштеш“ во XV век. Името потекнува од ботаничкото „(х)раст“ или пак од личното име „Раст“ или „Расто“ со суфиксот „-еш“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Сретселото во Растеш

Ова село се наоѓа во областа Порече, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Македонски Брод.[3] Селото е ридско-планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 720 до 1.000 метри.[3]

Атарот зафаќа површина од 8,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 430 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 141 хектари, а на пасиштата 104 хектари.[3]

До Растеш води асфалтен пат, кој продолжува од поранешното општинско средиште Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Растеш било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[3]

Населението во минатото одгледувало добиток (овци и кози). Сточарството оставиле печат врз изгледот на селото и пејзажот. Покрај сточарството, карактеристични дејности биле јагленарството, смоларството и преработка на метална руда на т.н. самокови.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Растеш имало 245 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Растеш имало 240 жители.[5]

Поради иселувањето на населението, селото од средно преминало во мало, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 429 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 92 жители..[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Растеш имало 58 жители, од кои 57 Македонци и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 245 240 394 461 492 456 218 124 92 58
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Растеш е македонско село.

Родови во селото се: Куртеловци (33 к.), доселени се од селото Врбен, Горна Река; Милевци (14 к.), доселени се од Прилепско. Според преданието они потекнуваат од предок Влав, кој во селото дошол како говедар и овде се оженил со некоја крива девојка. Кога се населил му наредиле да се насели надвор од селото. Од него после се намножило целото маало, овој род ги викаат и Власи. Они имаат посебна црква (Св. Никола) и гробови.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште „Гоце Делчев“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Јован“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Растеш, во која покрај селото Растеш се наоѓале селата Битово, Близанско, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Здуње, Косово и Требовле.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0272 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 27 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 25 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[13]
Споменици
  • Споменик на НОБ

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 октомври 2017. 
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 139. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 255. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 30 октомври 2017 г. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]