Долно Крушје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долно Крушје
Поглед на Долно Крушје.jpg

Поглед на селото Долно Крушје

Долно Крушје се наоѓа во Republic of Macedonia
Долно Крушје
Местоположба на Долно Крушје во Македонија
Координати 41°35′39″ СГШ 21°08′40″ ИГД / 
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 23[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6533
Повик. бр. 045
Надм. вис. 1.160 м
Commons-logo.svg Долно Крушје на Ризницата


Долно Крушје — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.160 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 17 километри.[2]

Атарот е заеднички со селото Горно Крушје, кој зафаќа површина од 15,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.000,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 540,6 хектари, а на пасиштата 270,2 хектари.[2]

Селото е поврзано со асфалтен пат, кој води од рамничарското село Слатина.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Долно Крушје било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крушје (Горно и Долно, заедно) имало 512 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крушје (Горно и Долно, заедно) имало 560 жители.[4]

Селото е мало и во 1961 година броело 137 жители, а во 1994 година само 36 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Крушје имало 23 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 512 560 138 143 137 129 69 29 36 23
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Крушје е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, кои дошле од раселениот град Закамен.

Родови во селото Долно Крушје се: Волкановци (6 к.), Таревци (6 к.) и Малчевци (10 к.). Во селото се овие три рода и сите се доселени од градот Закамен, кој се наоѓал во Струшка Малесија.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква „Св. Никола“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Долно Крушје се наоѓале селата Горни Манастирец, Горно Крушје, Долни Манастирец, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0235 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 14 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[10]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 2 октомври 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 107. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 2 октомври 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 16 октомври 2017 г. 
  9. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=51&ps=325#. посет. 16 октомври 2017 г. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]