Горно Крушје (Порече)
Горно Крушје | |
![]() Панорамски поглед на селото Горно Крушје | |
Координати 41°34′56″N 21°7′51″E / 41.58222° СГШ; 21.13083° ИГДКоординати: 41°34′56″N 21°7′51″E / 41.58222° СГШ; 21.13083° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Порече |
Население | 44[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 6533 |
Повик. бр. | 045 |
Надм. вис. | 1.160 м |
![]() |
Горно Крушје — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Содржина
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.160 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 17 километри.[2]
Атарот е заеднички со селото Долно Крушје, кој зафаќа површина од 15,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.000,6 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 540,6 хектари, а на пасиштата 270,2 хектари.[2]
Селото е поврзано со асфалтен пат, кој води од рамничарското село Слатина.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Горно Крушје било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крушје (Горно и Долно, заедно) имало 512 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крушје (Горно и Долно, заедно) имало 560 жители.[4]
Од Горно Крушје се иселил значителен дел од населението. Така, во 1961 година селото броело 382 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 66 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Крушје имало 44 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 512 | 560 | 417 | 419 | 382 | 327 | 192 | 80 | 66 | 44 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови[уреди | уреди извор]
Горно Крушје е чисто македонско православно село. Сите родови во селото се доселенички. Најпрво селото се наоѓало повисоко, па од таму се спуштиле родовите Тодевци и Главевци и го основале селото на денешното место.[8]
Родови во Горно Крушје се: Џуаловци (17 к.), Огњановци (15 к.) и Главевци (5 к.) се еден род, цел род е доселен од некое село во Косово и Тодевци (22 к.), доселени се од раселениот град Закамен.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Слатина, во која влегувале селата Грешница, Горно Крушје, Долно Крушје и Слатина.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Долни Манастирец, во која покрај селото Горно Крушје се наоѓале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Долно Крушје, Драгов Дол, Слатино, Томино Село и Тополница.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборно место бр. 0234 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[9]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 36 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 34 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[12]
- Црква „Св. Талалеј” — главна селска црква
Личности[уреди | уреди извор]
- Димо Грозданоски, еден од најголемите револуционери и организатори на МРО во Порече, соработувал со Даме Груев.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 29 септември 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 79. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 29 септември 2017 г.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 316.
- ↑ „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Горно Крушје (Порече) на Ризницата ?