Прејди на содржината

Волче

Координати: 41°45′46″N 21°4′18″E / 41.76278° СГШ; 21.07167° ИГД / 41.76278; 21.07167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Волче

Панорамски поглед на селото Волче

Волче во рамките на Македонија
Волче
Местоположба на Волче во Македонија
Волче на карта

Карта

Координати 41°45′46″N 21°4′18″E / 41.76278° СГШ; 21.07167° ИГД / 41.76278; 21.07167
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03011
Надм. вис. 1.090 м
Волче на општинската карта

Атарот на Волче во рамките на општината
Волче на Ризницата

Волче — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото Волче од пристапниот пат кон него

Ова мало село се наоѓа во областа Порече, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Гостивар.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.090 метри.[2]

Има голем атар, кој зафаќа површина од 21,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.585,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 297,3 хектари, а на обработливото земјиште 147,4 хектари.[2]

До Волче води макадамски пат во фаза на асфалтирање од селото Растеш.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Волче било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948244—    
1953275+12.7%
1961289+5.1%
1971294+1.7%
1981129−56.1%
ГодинаНас.±%
199145−65.1%
199433−26.7%
20027−78.8%
20213−57.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Волче имало 85 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Волче имало 144 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Валче се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Селото е мало и е на пат целосно да се расели. Во 1961 година, селото броело 289 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 33 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Волче имало 7 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 1 Македонец и 2 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 144 244 275 289 294 129 45 33 7 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Волче е македонско село.

Родови во селото се: се зборува дека селото било големо од 90 куќи, па навечер наишле дебрани арамии и го нападнале селото, но волчевци се организирале и ги истерале. Но, навечер се створила забуна, мислејќи дека пак нападнале дебраните, волчевци сами се истепале, тоа го слушнале дебраните арамии и пак нападнале на селото, го запалиле селото и го убиле населението, освен една девојка, и некој говедар од Крушево. И девојката и говедарот се земале и имале 3 деца, од кои потекнува цело село, тоа се: Стојковци (6 к.), Николовци (11 к.) и Аврамовци (8 к.).[14]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Главната селска црква „Св. Архангел Михаил“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Волче се наоѓале селата Битово, Близанско, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Здуње, Косово, Растеш и Требовље.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0274 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селската трпезарија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[18]

Личности

[уреди | уреди извор]

Во Волче, во периодот 1931-1932 година престојувал и истражувал познатиот полски етнолог и антрополог Јозеф Обрембски. Досега, од овој автор, на македонски јазик се преведени четири книги во кои го опишува животот и обичаите на Поречани. Една од книгите претставува и своевиден албум со фотографии кои ги направил овој истражувач во тој период.

  • Андон Петрески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Десо Ангелески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Никола Матески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Стојан Петрески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]
  • Станоја Миташески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[19]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 59. Посетено на 20 септември 2017.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 септември 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 331.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.257
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]