Прејди на содржината

Барбарос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Барбарос

Единствениот остаток од селото Барбарос

Барбарос во рамките на Македонија
Барбарос
Местоположба на Барбарос во Македонија
Барбарос на карта

Карта

Координати 41°30′29″N 21°16′27″E / 41.50806°N 21.27417°E / 41.50806; 21.27417
Регион Југозападен
Општина Македонски Брод
ОбластПорече
Население0[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр.6535
Повик. бр.045
Шифра на КО
Надм. вис.905 м
Барбарос на општинската карта

Атарот на Барбарос во рамките на општината
Барбарос на Ризницата

Барбарос (познато и како Барбарас) — поранешно село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод. Селото повеќе не постои, а од него се останати само остатоци.

Селото се наоѓало близу месноста Барбарос, кај истоимениот превој на патот Македонски Брод-Прилеп, при преминот од Порече кон Прилепското Поле.

Историја

[уреди | уреди извор]

Селото е наречено по превојот. Според една легенда, низ него поминал и светиот римски цар Фридрих I Барбароса по кого што и превојот и селото го носат името. Кажувањата на месното население одат дури дотаму што тврдат дека телото на Фридрих I се чувало во пештерата Пешна, кога крстоносците го враќале од Палестина кон Германија.

Село е спомнато во Виргинската грамота на царот Константин Асен од XIII век, издадена во Виргинскиот манастир „Св. Ѓорѓи Скоропостижник“ во Скопје.

Во XV-XVI век бројоста на домаќинствата во Барбарос била следнава:[3]

Година Домаќинства Неженети Вдовици
средина на XV век 5 1 -
1476/77 57 5 -
1481/82 107 - 9
1519 77 2 -
1523 77 - 2
1528/29 59 7 2
1544/4 42 - -

Во XV век селото било дервенџиско. Во XVI век 30 селани биле дервенџии, а останатите биле обична раја.[4]

Во XIX век, Барбарос било село во Поречката нахија на Кичевската Каза на Отоманското Царство.

Население

[уреди | уреди извор]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 6 домаќинства со 25 христијани (Македонци).[5]

Целото население на селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според митрополитот Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Барбарос имало 5 „српски“ куќи (негирајќи ја македонштината).[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Барбарос имало 62 жители, сите Македонци.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Барбарос имало 40 жители.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Барбарос се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 6 куќи.[9]

За време на Првата светска војна селото било во состав на Општина Дебреште во Бродската Околија на Тетовскиот Округ и имало 50 жители.[10]

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го води Барбарас како македонско село.[11][12]

Во истражувањата на српскиот географ Петар Јовановиќ од 1935 г. стои дека жителите на Барбарос биле раселени по села во Поречието и во Прилепско Поле, и дека во него нема ниедно семејство. Напишал „Во селото останаа само стари куќи во кои доаѓаат последните иселеници и таму преноќуваат кога е време на се обработуваат нивите.“[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Кула — населба и кастел од средниот век

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 септември 2017.
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. Стојановски, Александар. Дервенџиството во Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет, 1962, с. 98.
  4. Стојановски, Александар. Дервенџиството во Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет, 1962, с. 98-99.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 74-75.
  6. Извештај на митрополит Поликарп, 25 февруари 1904 г., Државен архив на Македонија
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 247.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 148-149.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  10. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Издаден от Министерството на вътрешните работи и народното здраве, София 1917, с. 97.
  11. Тенденциозно нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  12. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
  13. Јовановић, Петар. Порече // Српски етнографски зборник, књ. LI, Београд 1935, с. 321. Йованович извършва проучването си през 1926 година.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]