Лупште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лупште
Lupshte1.jpg

Поглед на селото Лупште

Лупште is located in Македонија
Лупште
Местоположба на Лупште во Македонија
Координати 41°39′30″N 21°7′50″E / 41.65833° СГШ; 21.13056° ИГД / 41.65833; 21.13056Координати: 41°39′30″N 21°7′50″E / 41.65833° СГШ; 21.13056° ИГД / 41.65833; 21.13056
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 67[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Надм. вис. 950 м
Слава Петровден
Commons-logo.svg Лупште на Ризницата


Лупште — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Панорамски поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, во средното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 13,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 918 хектари, на пасиштата отпаѓаат 321 хектар, а на обработливото земјиште 11 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 23 семејства и 2 неженети, сите христијани.[3]

Во XIX век, Лупште било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Селаните главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и собирање на планински плодови. Селото е познато по костенот како плод, па на есен селото живнува затоа што сите се вратени со цел да собираат костени.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лупште имало 286 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лупште имало 320 жители.[5]

Селото во 1961 година било средно по големина со 327 жители, но во 1994 година преминало во мало со 90 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Лупште имало 67 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 286 320 460 396 327 270 159 119 90 67
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Лупште е македонско село.

Родови во селото се: Мартиновци (43 к.), еден дел од родот се вика Секуловци, а другиот Пејовци. Доселени се од Меркулија, прилепско, измеѓу Дебреште и Кошино; Богојевци (20 к.), по едно предание Богоја прв се доселил во селото од Прилепско, а по второто предание тој дошол од Прилепско како слуга кај Мартин (Мартиновци). Во Зркле тврдат дека сите родови во Лупште се доселени од Закамен.[9]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Традиционална архитектура во село Лупште

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Лупште се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0258 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 35 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 34 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Петар и Павле“
Цркви[13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Лупште

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Жителите кои што останале во селото се многу малку, речиси на прсти се бројат, но во последните години се забележува градење на викендици и активно посетување на селото за време на летниот период.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 23 октомври 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 184. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 23 октомври 2017 г. 
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.219
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 326-327. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  13. „Манастиречка парохија“. Дебарско-кичевска епархија. конс. 23 октомври 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]