Сушица (Порече)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сушица
Поглед на селото Сушица, Порече (1).jpg

Поглед на селото Сушица

Сушица is located in Македонија
Сушица
Местоположба на Сушица во Македонија
Координати 41°38′35″N 21°08′37″E / 41.64306° СГШ; 21.14361° ИГД / 41.64306; 21.14361Координати: 41°38′35″N 21°08′37″E / 41.64306° СГШ; 21.14361° ИГД / 41.64306; 21.14361
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 13[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Надм. вис. 980 м
Сушица на општинската карта
Сушица во Општина Македонски Брод.svg

Атарот на Сушица во рамките на општината
Commons-logo.svg Сушица на Ризницата


Сушица — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на двете маала на селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 980 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 7,4 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 106 хектари, на пасиштата отпаѓаат 229 хектари, а на шумите 224 хектари.[2]

До селото води макадамски пат, кој се двои од локалниот пат кој води до селото Томино Село.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 9 семејства и 1 неженет, сите христијани.[3]

Во XIX век, Сушица било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото нема развиена земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сушица имало 260 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушица имало 320 жители.[5]

Селото е мало, населено со македонско население, коешто во 1961 година имало 167 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 24 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Сушица имало 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 260 320 252 241 167 117 74 25 24 13
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Сушица е македонско село.

Родови во селото се: Ковачевци (6 к.), Атулевци (13 к.) и Ѓорговци (6 к.), сите потекнуваат од ист предок и доселени се од раселениот град Закамен.[9]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Зркле се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0261 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 2 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 1 гласач.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[13]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 11 ноември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 132. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 11 ноември 2017 г. 
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.237
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]