Ковач (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ковач
Сретсело во Ковач.jpg

Сретселото во Ковач

Ковач is located in Македонија
Ковач
Местоположба на Ковач во Македонија
Координати 41°40′45″N 21°7′55″E / 41.67917° СГШ; 21.13194° ИГД / 41.67917; 21.13194Координати: 41°40′45″N 21°7′55″E / 41.67917° СГШ; 21.13194° ИГД / 41.67917; 21.13194
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 54[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Надм. вис. 720 м
Commons-logo.svg Ковач на Ризницата


Ковач — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Самоков.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри.[2]

Селото не е заведено во катастарската евиденција и го дели атарот со соседното село Самоков.[2]

До селото води асфалтиран пат од селото Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Ковач било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото нема развиена стопанска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ковач имало 240 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ковач имало 400 жители.[4]

Ковач е мало село, коешто во 1961 година броело 201 жител, а во 1994 година 79 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ковач имало 54 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 240 400 [7] 237 201 168 119 100 79 54
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Ковач е македонско село.

Родови во Ковач се: Ушиновци се делат на Манчевци и Сердаровци (15 к.), доселени се од околината на Скадар во Албанија; Лукаровци (27 к.) потекнуваат од предок ковач доселен од раселениот град Закамен.[9]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Ковач се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0260 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 37 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[12]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 17 октомври 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 152. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 17 октомври 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. Податоците за населеното место Ковач, согласно важечката територијална организација од 1948 година, се вклучени во податоците за населеното место Самоков.
  8. "Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна". Државен завод за статистика. 
  9. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 327-328. 
  10. "Описи на ИМ". конс. 16 октомври 2017. 
  11. "Локални избори 2017". конс. 16 октомври 2017. 
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  13. Црква Свети Атанасиј во Ковач, Порече, Јубилеен зборник 25 години митрополит Тимотеј, Охрид 2006, 309-330
  14. T. Смиљаниќ, Kичевија, Насеља и порекло становништва, СKA/СЕЗ, ЛИ, Београд, 1935, 328.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]