Дреново (Порече)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дреново
Поглед на Дреново.jpg

Поглед на селото Дреново

Дреново се наоѓа во Republic of Macedonia
Дреново
Местоположба на Дреново во Македонија
Координати 41°27′55″ СГШ 21°14′13″ ИГД / 
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 33[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Надм. вис. 933 м
Commons-logo.svg Дреново на Ризницата


Дреново — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во најјужниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, на северозападните падини на Бушева Планина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 10 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 14 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.146,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 124,8 хектари, а на обработливото земјиште 88,6 хектари.[2]

Селото е поврзано со асфалтен пат од селото Сланско.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 9 христијански и 1 муслиманско семејство, како и 1 неженет христијанин.[3]

Во XIX век, Дреново било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓало на Порече.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Дреново имало 220 жители, сите Албанци.[4]

Последните Албанци се иселиле од селото во 1950-тите години од минатиот век.

Дреново е мало село, коешто во 1961 година броело 187 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 38 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дреново имало 33 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 220 214 240 187 121 59 45 38 33
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Дреновска Река низ селото

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Македонски Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Брод, во која влегувале селата Брод, Девич, Дреново, Латово, Сланско, Суви Дол и Требино.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Брод, во која покрај селото Дреново се наоѓале селата Брод, Девич, Грешница, Латово, Сланско, Суво Дол и Требино.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0228 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 18 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Реки

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 7 октомври 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 114. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 7 октомври 2017 г. 
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.210
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 246.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 16 октомври 2017 г. 
  9. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=51&ps=325#. посет. 16 октомври 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]