Тажево

Координати: 41°43′18″N 21°14′57″E / 41.72167° СГШ; 21.24917° ИГД / 41.72167; 21.24917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тажево
Тажево во рамките на Македонија
Тажево
Местоположба на Тажево во Македонија
Тажево на карта

Карта

Координати 41°43′18″N 21°14′57″E / 41.72167° СГШ; 21.24917° ИГД / 41.72167; 21.24917
Општина Македонски Брод
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 03045
Тажево на општинската карта

Атарот на Тажево во рамките на општината
Тажево на Ризницата

Тажево — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Жителите на село Тажево биле населени од друго село, Попои Куќи, кое денес не постои. Тоа село постојано било напаѓано и ограбувано од Турците, па така еден ден група Турци почнале да го оргабуваат и им ја зеле цела стока, па месното население останало без ништо и било принудено да се пресели на друго место. Името на селото го добило по тоа што луѓето кога бегале од Попои Куќи и се населувале на друго место, многу тажеле, па од самите жители го нарекле – Тажево. (Според Марко Цепенков)

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948233—    
1953258+10.7%
1961248−3.9%
1971218−12.1%
198187−60.1%
ГодинаНас.±%
199123−73.6%
199424+4.3%
20027−70.8%
20212−71.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Тажево имало 215 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тажео имало 200 Македонци патријаршисти.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тажио (Тожево) се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле само 7 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 215 200 233 258 248 218 87 23 24 7 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови[уреди | уреди извор]

Тажево е чисто македонско православно село. По преданието селото најпрво се наоѓало покрај реката Треска, на местото Попови куќи. Но, поради чума селото целосно опустело. Имало, кажуваат толку многу мртви, што луѓето не можеле да ги погребаат, него кучињата ги јаделе. Во селото останале брат и сестра, братот отишол со стоката, а сестрата отишла во Црква. Но, по пат ја нападнале кучиња и бегајќи скршила нога, поради што останала саката. Потоа, некој Петре Дебранец, овчар, дошол во селото да чува овци. Братот му ја дава сестрата и тој се жени со неа. Но, бидејќи не можеле убаво да се согласуваат, зетот и сестрата одат и го основаат селото Брезница, а братот останува во Тажево. Од братот води потекло цело село.

Родови во Тажево се: Костевци-Пауновци (7 к.); Димовци (2 к.); Петковци (1 к.); Јандријовци (3 к.); Стојовци (6 к.) и Вељановци (1 к.).

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[12][13]
  • Градиште — градиште од средниот век;
  • Брчка — населба и некропола од римско време;
  • Селиште — населба и црква од средниот век;

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0269 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[16]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.258.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.156-157.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  13. Евидентирани Археолошки наоѓалишта во и околу ПНП Јасен
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  15. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  17. 17,0 17,1 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]