Ѓорѓија Ристески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓија Ј. Ристески
Роден 1921 година
Тажево, кај Македонски Брод
Починал 15 ноември, 1944 година
Кичево
Народност Македонец

Ѓорѓија Ј. Ристески ( 1921 во Тажево, Порече15 ноември 1944 во Кичево) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се занимавал со земјоделство. Влегол во единиците на НОВ и ПОЈ во 1944 год. Се борел во повеќе борби за ослободување на Македонија. Загинал во борбите за ослободување на Кичево на 15 ноември 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.217