Биографија
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Биографија или животопис[1] — опис на животот на некоја личност.[2][3] Поимот биографија доаѓа од грчки bios = жив, живот + graphos = пишува, и се одомаќинил во речиси сите европски јазици. Означува опис на нечиј животен пат. Соодветниот збор на латински е курикулум витае (Curiculum Vitae) — текот на животот. Биографијата е литературно-документарна творба создадена врз основа на веродостојни документи и податоци за животот и работата на некоја личност.
Автобиографија е сопствена биографија, опис на сопствениот живот.
Биографија како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Пишување на биографија“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „животопис“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „биографија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „животопис“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 242-243.
|