1921
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1921 MCMXXI |
| Ab urbe condita | 2674 |
| Асирски календар | 6671 |
| Бахајски календар | 77–78 |
| Бенгалски календар | 1328 |
| Берберски календар | 2871 |
| Будистички календар | 2465 |
| Бурмански календар | 1283 |
| Византиски календар | 7429–7430 |
| Еврејски календар | 5681–5682 |
| Ерменски календар | 1370 ԹՎ ՌՅՀ |
| Етиопски календар | 1913-1914 |
| Игбоански календар | 921–922 |
| Ирански календар | 1299–1300 |
| Исламски календар | 1339–1340 |
| Јапонски календар | Таишо 10 (10年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 庚申年月日 (4557/4617) — до — 辛酉年月日(4558/4618) |
| Коптски календар | 1637–1638 |
| Корејски календар | 4254 |
| Календар Мингуо | Република Кина 10 民國10年 |
| Селевкидски календар | 2232–2233 |
| Тајландски сончев календар | 2464 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 1977–1978 |
| - Шака самват | 1843–1844 |
| - Кали југа | 5022–5023 |
| Француски револуционерен календар | CXXIX–CXXX 129–130 |
| Холоценски календар | 11921 |
| Џуче-календар | 10 |
1921 (MCMXXI) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1921. година од новата ера, 921. од вториот милениум, 21. од 20 век и втора од 1920-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7429 и 7430 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6671 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5681 и 5682 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2674.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1921. година се протега во 4557 и 4558, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4617 и 4618 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2464. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1339 и 1340 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
јануари[уреди | уреди извор]
- 20 јануари - Прогласен е првиот устав на Турција.
февруари[уреди | уреди извор]
март[уреди | уреди извор]
- 17 март - Во СССР Црвената армија го задушува Кронштатскиот бунт
- Швеѓанецот Хјалмар Брантинг и Норвежанецот Кристијан Ланге добиваат Нобелова награда за мир.
април[уреди | уреди извор]
мај[уреди | уреди извор]
јуни[уреди | уреди извор]
- 28 јуни - Собранието на Кралството СХС го изгласува Видовденскиот устав.
- 29 јуни - Во Белград е извршен неуспешен обид за атентат врз регентот Александар I Караѓорѓевиќ од страна на комунистот Спасое Стеиќ.
јули[уреди | уреди извор]
- 21 јули - Извршен е атентат врз југословенскиот министер за внатрешни работи, Милорад Драшковиќ.
август[уреди | уреди извор]
- 1 август - Југословенското собрание го изгласува Законот за заштита на државата со кој се забранува секоја комунистичка активност во земјата.
септември[уреди | уреди извор]
октомври[уреди | уреди извор]
ноември[уреди | уреди извор]
декември[уреди | уреди извор]
- 4 декември - Формирана е Македонската емигрантска федеративна организација.
Родени[уреди | уреди извор]
- 5 јануари - Фридрих Диренмат, швајцарски писател
- 14 јануари - Мјуреј Букчин, американски анархист
- 31 јануари - Марио Ланца, американски тенор и актер
- 4 февруари - Бети Фридан, американска феминистка
- 21 мај - Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и нобеловец
- 16 јули - Крсте Црвенковски, македонски политичар
- 19 август - Џин Роденбери, американски сценарист и продуцент
- 12 септември - Станислав Лем, полски писател
- 13 октомври - Ив Монтан, француски актер и пејач
- 3 ноември - Чарлс Бронсон, американски актер
- 27 ноември - Александар Дупчек, словачки политичар
- 19 декември - Блаже Конески, македонски писател и филолог
- 29 декември - Добрица Ќосиќ, српски писател и претседател на СР Југославија
Починале[уреди | уреди извор]
- 8 февруари - Петар Кропоткин, руски анархист
- 1 март - Никола I Петровиќ, црногорски крал
- 28 јуни - Ѓорче Петров, македонски револуционер
- 2 август - Енрико Карузо, италијански тенор
- 7 август - Александар Блок, руски поет
- 16 август - Петар I Караѓорѓевиќ, српски и југословенски крал
- 22 септември - Иван Вазов, бугарски писател и преродбеник
- 22 октомври - Александар Димитров, бугарски политичар
- 16 декември - Камиј Сен-Санс, француски композитор
Видете исто:
| „1921“ на Ризницата ? |