Крапа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крапа
Поглед на селото Крапа 01.jpg

Поглед на селото Крапа

Крапа is located in Македонија
Крапа
Местоположба на Крапа во Македонија
Координати 41°33′7″N 21°18′35″E / 41.55194° СГШ; 21.30972° ИГД / 41.55194; 21.30972Координати: 41°33′7″N 21°18′35″E / 41.55194° СГШ; 21.30972° ИГД / 41.55194; 21.30972
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 69[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Надм. вис. 1.020 м
Commons-logo.svg Крапа на Ризницата


Крапа — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Дел од селото, во позадина новиот Крапски манастир

Селото се наоѓа во областа Порече, во источниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се издига до сртот на планината Даутица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 14 километри.[2]

Селото има мошне голем атар, кој зафаќа простор од 44,4 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 2.864 хектари, на шумите отпаѓаат 1.744 хектари, а на обработливото земјиште 215 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до градот Прилеп, во непосредна близина на историското село Барбарас.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 44 семејства, 3 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[3]

Во XIX век, Крапа било село во Прилепската каза на Отоманското Царство, иако географски припаѓа на Поречието.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Крапа имало 600 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крапа имало 560 жители.[5]

Од Крапа се иселил значителен дел од населението, па затоа во него бројот на население се намалил од 612 жители во 1961 година, на само 93 жители во 1994 година, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Крапа имало 69 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 600 560 704 764 612 390 183 113 93 69
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Крапа е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.

Староседелски родови во селото се: Степановци (11 к.) и Мазневци (26 к.).

Доселенички родови се: Богојевци (4 к.) се од Крапска Бара во Прилепско Поле; Дурдевци (14 к.) доселени се од Костур или Костурско во Егејска Македонија; Којовци (12 к.) доселени се од Крушево или Крушевско; Шарковци (7 к.), Јановци (4 к.) и Мојсовци (1 к.) потекнуваат од ист предок, и доселени се од селото Браилово, Прилепско; Сидоровци (4 к.) доселени се од Саждево, Прилепско; Ѓинкаровци (4 к.) доселени се исто така од Саждево; Стојановци (2 к.) доселени се од селото Пашино Рувци; Димановци (6 к.) доселени се од Локвица; Трпевци (2 к.) доселени се од раселеното село Барбарос; Крстевци (1 к.) доселени се, али не сакале да кажат од каде.[9]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на Крапска Река

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Брод.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Дебреште, во која влегувале селата Дебреште, Јакреново, Крапа, Кошино и Саждево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дебреште, во која покрај селото Крапа се наоѓале селата Барино, Дебреште, Жабјани, Јакреново, Кошино, Лажани, Ропотово и Саждево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Дебреште.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0230 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 34 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 29 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки локалитети[13]
Цркви[14]
Манастири
Реки[15]
Пештери

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Крапа
Починати во Крапа

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 19 октомври 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 162-163. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 19 октомври 2017 г. 
  3. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.244
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 246.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 148-149.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. Јовановиќ, Петар (1935) (на српски јазик). Порече. Српски етнографски зборник. 28. Белград: СКА. стр. 321–322.. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  13. „Археолошка карта на Република Македонија“, Том 2, издание на МАНУ, Скопје, 1996.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 53. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]