Браилово
Браилово | |
![]() Поглед на Браилово | |
Координати 41°28′38″N 21°27′42″E / 41.47722° СГШ; 21.46167° ИГДКоординати: 41°28′38″N 21°27′42″E / 41.47722° СГШ; 21.46167° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Прилепско Поле |
Население | 227[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 7505 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20009 |
Надм. вис. | 700 м |
![]() |
Браилово — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Потекло на името[уреди | уреди извор]
Постои легенда дека името на селото „Браилово“ потекнува од некој турски бег по име Браил кој некогаш живеел во него.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Браилово е сместено во Прилепското Поле, во северниор дел од територијата на Општина Долнени, на југозападните падини на планината Бабуна. Селскиот атар зафаќа површина од 17 км2 и се граничи со Општина Чашка. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 660 м. Од Прилеп е оддалечено 26 км.[2]
Недалеку од селото се наоѓа железничкото стојалиште ЖС „Браилово“.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманско Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Во селскиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 1.041,9 ха, по што следуваат пасиштата со 469 ха и шумите со 50,3 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Праилово и имало 35 семејства, 3 неженети и 10 вдовици, сите христијани.[3]
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Браилово е село со 44 домаќинства и 28 жители муслимани, 150 Македонци и 3 Роми.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Браилово имало 100 жители Македонци христијани и 250 жители Албанци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Браилово е посочено двапати — еднаш како село со 68 жители Македонци, а вториот пат како село со 80 жители Македонци.[6]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 227 жители, од кои 225 Македонци и 2 Срби.[1]
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[7] | 1905[8] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | — | 1.685 | 699 | 717 | 578 | 436 | 303 | 268 | 227 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Браилово е македонско православно село, а за време на турското владеење еден период во селото живееле и муслимански албански родови. Македонските родови во селото се староседелски и доселенички, доселениците дошле пред крајот и после крајот на турското владеење.
Староседелски родови во селото се: Марковци (2 к.) и Врчевци (2 к.).
Доселени родови од околните прилепски села: Шкеровци (2 к.), доселени се од Долнени во 1910 година, и во Долнени биле однекаде доселени; Цупановци (4 к.) доселени се од селото Слепче, таму припаѓале на големиот род Козаровци, чие подалечно потекло е од Дебарско; Бошковци (1 к.) доселени се од селото Селце, Крушевско, таму имаат роднини. Подалечно потекло од некое село во околината на Корча; Волчевци (2 к.) доселени се од Жабјани во 1927 година, пред тоа живееле во Секирци каде припаѓале на големиот истоимен род; Аризановци (2 к.) доселени се од Гостиражни во 1928 година; Јанкуловци (2 к.) и Мојсовци (1 к.) доселени се од селото Стровија во 1948 година. Мојсовци таму припаѓале на истоимениот род кој е доселен од Порече, додека Јанкуловци припаѓале на староседелскиот род Срмановци; Бачковци (5 к.) доселени се од Слепче во 1911 и 1938 година. Таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло им е влашко, доселени се некаде од запад; Марковци (3 к.) и тие се доселени од Слепче во 1910 година, таму имаат истоимени роднини подалечно потекло од Браилово, од каде избегале кога се населиле Албанците.
Доселени родови од Велешко: Аврамовци (1 к.) доселени се од Поменово во 1922 година; Соколовци (7 к.) доселени се од Габровник во 1923 година; Мирчевци (2 к.) и Најдовци (1 к.) доселени се од Нежилово во 1925 година; Ѓоргијовци (2 к.) доселени се од Нежилово во 1926 година; Шоповци (2 к.) и Маневци (1 к.) доселени се од Нежилово во 1927 година; Јаневци (3 к.) нивно старо име е Барутчиовци, доселени се од Степанци во 1912 година; Богоевци (2 к.) доселени се исто така од Степанци во 1912 година; Аврамовци (3 к.) доселени се исто така од Степанци, каде имаат роднини, подалечно потекло имаат од Магарево, Битолско; Јанкуловци (3 к.), Здравевци (4 к.) и Перовци (1 к.) порано чинеле еден род, доселени се од селото Степанци, подалечно потекло имаат од селото Крстец, Прилепско; Здравевци (1 к.) доселени се од Богомила во 1913 година; Шареншапковци (2 к.) и Клисаровци (1 к.) доселени се 1925 година од Богомила; Василевци (1 к.) доселени се од селото Папрадиште во 1919 година; Пројчевци (1 к.) доселени се од селото Степанци во 1913 година; Чудевци (2 к.) и Кочовци (1 к.) доселени се во втората половина на XIX век од раселеното село Црнуш на планината Мукос.
Родови доселени од Порече: Марковци (2 к.) доселени се од Крушје во 1914 година; Дукадиновци (1 к.), Блажевци (1 к.) и Кофиловци (1 к.) доселени се од селото Томино Село во 1915 година; Митревци (3 к.) доселени се од Крушје во 1937 година; Момировци (3 к.) доселени се од селото Могилец во 1934 година; Дејановци (2 к.) доселени се од Томино Село во 1938 година; Танушевци (1 к.) доселени се од селото Бенче во 1934 година; Јовевци (1 к.) доселени се од селото Црешнево во 1937 година; Божиновци (2 к.) доселени се од селото Ковач во 1948 година; Видоевци (1 к.) доселени се од селото Зркле во 1948 година; Јаневци (1 к.), Богоевци (1 к.), Огњановци (1 к.), Ристевци (1 к.) и Алимпиовци (1 к.) доселени се од Рамне во 1948 година; Трајковци (1 к.) доселени се од Сушица во 1948 година; Ѓоргијовци (1 к.) доселени се од Лупште во 1948 година; Блажевци (1 к.) доселени се од Крушје во 1948 година; Марковци (1 к.) доселени се од Самоков во 1954 година; Тодоровци (1 к.) доселени исто така од Самоков во 1954 година и Димовци (1 к.) доселени се од Томино Село во 1954 година.
Од Лика се доселил родот: Ѓујиќи (3 к.) доселени се 1921 како колонисти од селото Кореница.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Во селото работи подрачното основно училиште, каде што се изведува настава до петто одделение.[11]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1490 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 142 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Грамаѓе — наоѓалиште од непознат тип и период;
- Соколица — населба и некропола од непознат период;[10]
- Бојоица — некропола од доцноантичко време;
- Манастир Св. Илија — базилика од старохристијанско време;
- Петочна Вода — некропола од хеленистико римско време;
- Селски Гробишта — некропола од доцноантичко време;
- Тумба — некропола одримско и доцноантичко време.
- Манастири[14]
- Споменици
- Споменик на НОБ.
- Цркви[14]
- Црква „Св. Недела“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква.
Личности[уреди | уреди извор]
- Миливоје Трбиќ — четник, дел од равногорското движење на Дража Михајловиќ.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Се знае за следните постари иселени родови од ова село.
Марковци иселени се во Слепче. Грујовци иселени се во Новоселани. Шарковци, Трајановци и Мојсовци иселени се во селото Крапа во Порече. После Втората светска војна, десет семејства се иселиле во Битола.[10]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 мај 2020.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 36-37.
- ↑ Соколоски, М. и Стојаноски, А.. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ. книга 4. Скопје. стр. 68.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
- ↑ „Образование“. Општина Долнени.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 4 мај 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ 14,0 14,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.