Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника

Од Википедија — слободната енциклопедија
Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника
Корица на книгата
Изворен насловEthnographie des Vilayets d'Andrinople, de Monastir et de Salonique
ЗемјаОсманлиско Царство
Јазикфранцуски
Жанрстатистика на населението
Објавена1878
ИздавачКурје д’Оријан, Цариград

„Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ (француски: Ethnographie des Vilayets d'Andrinople, de Monastir et de Salonique) — статистика издадена на француски јазик во Цариград во 1878 г. како прилог на тамошниот весник „Курје д’Оријан“, а подоцна и како посеба брошура. Книгата претставува статистички преглед на населението на Одринскиот, Битолскиот и Солунскиот вилает според регистарот на данокот „бедел-и аскерие“ од 1873 г. Изготвена е од општествениците Методиј Кусев, Георги Груев и нивните помошници со цел да се застапува наводната бугарштина на Македонија и Одринско. Оваа статистика, позната како „егзархиска статистика“ е претставена на Цариградската конференција (23 декември 1876 - 20 јануари 1877 г.) и се користела при определување на границите на Санстефанска Бугарија во иредентистичкиот Санстефански прелиминарен мировен договор (1877).[1]

Делото излегло како реакција на трудот на Александар Синве „Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“ (Грците во Османлиското Царство. Статистичко и етнографско проучување),[2] кој имал за цел тенденциозно и со огромен број лажни податоци да ја преувеличи бројот на Грците во царството.

Во книгата за првпат се дадени подробни податоци за населението на трите вилаети според населените места и етничката припадност на жителите. Притоа, сите Македонци се претставени како „Бугари“ согласно големобугарската политика.

Во 1995 г. книгата е издадена на бугарски од Македонскиот научен институт под името „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ (Македонија и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.) со напореден изворен текст на француски и предговор на бугарски, англиски и руски.

Опфатени подрачја[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маркова, Зина. Българската екзархия 1870 - 1879, Издателство на Българската академия на науките, София, 1989, стр. 226.
  2. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878.
  3. Податоците се однесуваат само на градот и три вкупни бројки за 156 македонски, 21 турско и 3 влашки села.
  4. Ставена погрешно, бидејќи впрочем била дел од Косовскиот вилает.