Вранче

Координати: 41°23′36″N 21°22′24″E / 41.39333° СГШ; 21.37333° ИГД / 41.39333; 21.37333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вранче
Вранче во рамките на Македонија
Вранче
Местоположба на Вранче во Македонија
Вранче на карта

Карта

Координати 41°23′36″N 21°22′24″E / 41.39333° СГШ; 21.37333° ИГД / 41.39333; 21.37333
Општина Долнени
Население 84 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20012
Вранче на општинската карта

Атарот на Вранче во рамките на општината
Вранче на Ризницата

Вранче — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во Прилепското Поле, југозападно од центарот на општината и северозападно од градот Прилеп. Во селото тече реката позната под името Блато. Вранче е село од збиен тип, кое се дели на маала. Роднинските куќи се блиску, едни покрај други и групирани. Помалите делови ги имаат роднинските имиња, како: Гајдовци, Мраушковци, Ковиловци и сл. Потезите околу селата се нарекуваат: Изгиналица, Деривол, Русоица, Белчеица, Матица, Долна и Горна корија, Белуток, Различиште, Пупуница, Слатина, Тумба, Стари лозја.

Реката Блато во село Вранче

Историја[уреди | уреди извор]

Вранче е старо село. Во неговиот атар се регистрирани следниве Археолошки наоѓалишта: „Аџина Бара“ – населба римско време од средниот век; „Горна Корија“ – населба и некропола од доцноантичко време; „Длабока Бара“ – населба од доцноантичко време; Русоица – населба од доцноантичко време; „Стари Лозја“ – бакарно и римско време; „Тумба“ – населба од доцноантичко време; „Црква Свети Никола“ – осамен наод од римско време, кој се наоѓа во дворот на црквата, каде пред влезот во истата, од западната страна се наоѓаат повеќе антички споменици од мермер, и тоа: надгробни стели, делови од стебла на столбови и друго.

На три километри јужно од Вранче се наоѓа местото Тумба. Тука на почетокот на минатиот век селаните наоѓалер камени плочи, кои ги употребувале во градбата на куќите. На потегот Стари лозја, западно од Вранче, низ нивите имало изорано и стари темели. За време на турската власт тука биле формирани чифлици.

Според Турскиот пописен дефтер за Велешката каза од 1568/69 година, за Вранче е запишано дека е село – чифлик на спахијата Мустафа и Кочи, неговиот син, и дека припаѓа на Прилеп. Тогаш во Вранче живееле: Стојан Пејо, Димитри Миле, Пејо Дојчин, Никола Јован, Јовко Николин, Јован Грубан, Пејо Николин, Стојан Пејо, Којко Пејо, Димитри Пејо, Продан Пејо, Димко Рале, Грубо Димјо, Рале Пејо, Петко Рале, Стојан Јове, Продан Нове, Митан Продан, Станиша Јове, Јован Протуѓер… За првпат се спомнуваат и имиња на свештеници, кои живееле во Вранче: Поп Костадин, поп Стојан, поп Пејо и поп Никола. Вкупниот приход од Вранче изнесувал 9200 акчиња и истиот најмногу бил остваруван од пченица, мешано жито, испенџе, шира, ушур од трева, нијабет и свадбарина, данок за ситна стока.[2]

Во екот на револуционерните борби против Османлиите, во селото постоел револуционерен кружок кој делувал во селото и околината.[3] Во мај 1902 година по инструкција на Окружниот комитет на МРО за Прилеп, во Вранче се состанале војводите со четите на: Веле Марков, Славејко Арсов, Петар Ацев и Ѓорѓи Сугарев. На Состанокот во Вранче биле донесени неколку одлуки, меѓу кои и формирање на четврта чета, прилепска, на чело со Петар Ацев од трите дотогаш постоечки чети: битолската, крушевската и кичевската.[4]

За време на Илинденското востание и по него биле уапсени голем број селани под обвинение за членство и помагање на ТМОРО.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во минатото селото важело за едно од најбогатите прилепски села. Денес, главен извор на приход е земјоделството.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948659—    
1953720+9.3%
1961724+0.6%
1971506−30.1%
1981240−52.6%
ГодинаНас.±%
1991161−32.9%
1994147−8.7%
2002105−28.6%
202184−20.0%

Во XIX век, Вранче било село во Прилепската каза на Османлиското Царство. Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година кога имало 20 семејства и 2 неженети, сите христијани.[6] Понатаму, во 1481/82 – 25 семејства и 3 вдовици; во 1544/45 – 90 семејства, 11 неженети и 6 вдовици, но овој пат се сретнуваат и 2 муслимански семејства; во 1568/69 – 35 семејства, 77 неженети и 3 вдовици.[7]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вранче (Vrantché) било село со 69 домаќинства и 308 жители. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото е населено со 520 жители христијани и 10 Роми.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вранче живееле 530 жители, од кои 520 Македонци 10 Роми.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Вранче имало 64 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вранче се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[11]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 105 жители, сите Македонци.[12]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 84 жители, од кои 79 Македонци и 5 лица без податоци.[13]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 530 64 659 720 724 506 240 161 147 105 84
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]

Родови[уреди | уреди извор]

Семејството на Јордан Ковилоски (во средина) во 1953 година

Вранче е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци или доселеници со непознато потекло: Ковиловци (7 к.), Пројчевци (7 к.), Колчаковци (7 к.), Мраушковци (5 к.), Димитровци (4 к.), Булдиовци (3 к.), Мицановци (4 к.), Петлевци (3 к.), Николовци (3 к.), Трумпевци (2 к.), Тумбевци (2 к.), Атанасковци (2 к.), Каламуковци (3 к.), Сисирковци (3 к.), Јанковци (3 к.), Какаровци (2 к.), Китевци (3 к.), Џунковци (2 к.), Остревци (3 к.), Карабелевци (3 к.), Пандевци (2 к.) и Влашковци (1 к.)
  • Доселеници: Гајдовци (6 к.) и Апостоловци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде; Кандовци (3 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Крапа во Порече.[18]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1464 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[20]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 64 гласачи.[21]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[22]
Археолошки наоѓалишта[23]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Вранче иселени се: Паламидовци, се иселиле во Сенокос; Илиовци, се иселиле во Локвени; Коневци, се иселиле во Жабјани. Пижаковци живеат во Дедебалци. Многу семејства се иселени во Прилеп и Скопје, но и во странство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Вранче“. OLDPRILEP.COM. 2012-01-27. Посетено на 2018-10-20.
  3. |, Historian-View Profile (2007-03-15). „1, Страданията на 323 македонски затворници в Дијарбекир, през 1903-1904“. Страданията на 323 македонски затворници в Дијарбекир, през 1903-1904. | HISTORY OF MACEDONIA, ИСТОРИЯ НА МАКЕДОНИЯ, MACEDONIA HISTORY. Посетено на 2018-10-20.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  4. Димески, Димитар (1982). Македонското националноослободително движење во Битолскиот вилает (1893-1903). Скопје: Студентски збор. стр. 428.
  5. Ѓорѓиев, Драги, превод и коментар (2003). Амнестираните илинденци во 1904 година. Скопје: ДАРМ, ИНИ. стр. 17–19. ISBN 9989-624-84-4.
  6. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 68
  7. Стојановски, Александар, Ѓорѓиев, Драги (2001). населби и население во Македонија - XV и XVI век. Скопје: ИНИ, ДАРМ. стр. 48. ISBN 9989-624-58-5.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 246. ISBN 954430424X.
  9. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.150-151.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  11. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  12. „Попис на населението, домаќинствата и становите 2002, Книга X: Вкупно население, домаќинства и станови - дефинитивни податоци по населени места“ (PDF).
  13. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  14. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  15. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  16. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  17. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  18. Трифуноски, Јован (1998). Битолско-прилепска котлина. Белград: САНУ.
  19. „Образование | Општина ДОЛНЕНИ“. www.opstinadolneni.gov.mk. Посетено на 2018-10-20.
  20. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  21. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  22. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  23. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  24. ПРИЛЕПЧАНКА ВО САРИ ИГРА ИНДИСКИ ТАНЦ
  25. Ангелески, Златко (април 2017). „Ропотовска парохија (прв дел)“. Вистина: гласник на Преспанско-Пелагониската епархија. 93: 27. ISSN 1409-6838.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]