Слепче (Прилепско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слепче
Поглед на Слепче.jpg

Поглед на Слепче

Слепче is located in Македонија
Слепче
Местоположба на Слепче во Македонија
Координати 41°30′00″N 21°27′08″E / 41.50000° N; 21.45222° E / 41.50000; 21.45222Координати: 41°30′00″N 21°27′08″E / 41.50000° N; 21.45222° E / 41.50000; 21.45222
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени
Област Прилепско Поле
Население 68[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7505
Повик. бр. 048
Шифра на КО 10030
Надм. вис. 700 м
Слава Свети Никола Летен
Слепче на општинската карта
Слепче во Општина Долнени.svg

Атарот на Слепче во рамките на општината
Commons-logo.svg Слепче на Ризницата


Слепче — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Слепче се наоѓа во северозападниот дел на Прилепското Поле, на територијата на Општината Долнени. Неговиот атар зафаќа површина од 16,7 км2 и широко се допира со Општина Чашка. Селото лежи на границата помеѓу планинската падина на североисток и ниското рамно земјиште на југозапад. Општо земени, околината на селото претставува ридско-планински предел од источната страна, пространо поле од западната страна, северниот и јужниот дел со помали ридови. Тоа е ридско село на надморска височина од 700 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 23 километри. Околни села се Браилово, Секирци и Гостиражни.[2]

Слепче е село од збиен тип. Куќите се групирани во три маала, кои се нарекуваат според родовските слави: Петковденска, Митровденска и Аранѓеловска. Кај Слепченскиот манастир се наоѓа позната сталактитна пештера за која во својата книга од 1896 пишувал македонскиот револуционер Ѓорче Петров.

Недалеку од селото се наоѓа железничкото стојалиште ЖС „Слепче“.

Историја[уреди | уреди извор]

Околу 2 км северно од селото, на планината се наоѓа месноста Селиште со извор. Таму се наоѓани ќерамиди, камен од некогашни куќни ѕидови и урнатини од црква. Селаните велат: „Кој знае во кое време таму имало село. Полево сето било со ади, народот живеел на планина“. Се зборува дека на планината во шумата се воочуваат и може да се препознаат ниви и стари лозја. Недалеку од Селиште се наоѓа и месноста Иљо-Гумно.

Денешното село е основано во отоманско време. Го основале Поп-Перовци кои дошле од околината на Дебар. Во времето кога основале селото, манастирот постоел. По нив дошле предците на другите родови. Крај самото село Слепче, на северозапад се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“. Таа била мала и запуштена црква за која селаните велеле дека е изградена по основањето на денешното село.

Во отоманскиот период, на местото на селото постоел еден чифлиг кој го основал Албанецот Ислам од Црнилиште, кого селаните го повикале да го заштитува селото. Потоа се намножиле „сопствениците“ на чифлигот, па во 1912 селото било затечено со 6 чифлизи (околу една третина од атарот). Сите сопственици биле Албанци од соседното Црнилиште и се викале Алија, Бајрам, Фејзо, Рамко и Фазлија. По 1912 година селаните Македонци ја купиле земјата на чифлигот.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото Слепче има полјоделско-шумарска функција. Во атарот преовладува обработливото земјиште на површина од 705 ха, на шуми отпаѓаат 584 ха, а пасиштата се на површина од 229 ха.[2] Потези под обработено земјиште се: Бело Поле, Крушје, Арапица, Тапан, Милошица, Ргулица, Бојкоица или Тумба, Јасика, Аша-Бара, Вељаница, Чорбеница, Шапка и Дрење. Потези на необработено земјиште на планината се: Крепа, Три Буки, Вирои, Гробче, Неделска Вода, Црн Камен, Висок Мериз, Клен, Стог, Селиште и Иљо-Гумно. Населението главно се занимава со полјоделство и сточарство, а многу мал дел со шумарство. Од полјоделството, како и во целиот прилепски крај, најмногу се одгледуваат: тутун, пченица, јачмен и пченка, домати, краставици, зелени пиперки, кромид и лук. Од сточарството, во помали размери претежно се одгледуваат: овци, кози и крави. Водата за пиење се добива од чешми кои се викаат Нова Чешма, Стара Чешма, Нинаец и Горна Чешма. Во дворовите има и неколку бунари длабоки до 18 метри.

Население[уреди | уреди извор]

Во пописните дефтери од 1467/68 година, селото се споменува како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името И-с-л-п-ч и имало 26 семејства, 2 неженети и 11 вдовици, сите христијани.[3]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Слепче е посочено како село со 38 домаќинства и 200 жители Македонци.[4]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Слепче имало 420 жители Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 240 жители Македонци.[6]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 68 жители, од кои 67 Македонци и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 420 240 700 732 692 577 256 132 102 68
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Слепче е македонско село. Според истражувањата од 1955 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Поп Петревци (6 к.) они се најстар род во селото, доселени се од некое место во Дебарско; Бачковци (15 к.) и Китановци (5 к.) доселени се од некое место на запад од Прилепско. Не се знае дали се Власи или Мијаци; Козаровци (31 к.) доселени се исто како и Поп Петревци од околината на Дебар. Го знаат следното родословие: Вељан (жив на 65 г. во 1955 година) Тодор-Никола-Мирче-Никола, се доселил некој подалечен предок; Ѓоревци (2 к.) доселени се од областа Река во сливот на Радика, го знаат следното родословие: Анѓеле (жив на 80 г. во 1955 година) Коне-Миле-Ѓоре, подалечните предци не ги знаат; Мрсјаковци (3 к.) доселени се од селото Никодин; Марковци (2 к.) доселени се од селото Браилово; Дупевци (1 к.) доселени се од селото Жабјани; Мојсовци (1 к.) доселени се од Манастирец во Порече; Дојчиновци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Попоец, Кичевско.[10]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 1480 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 20 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастирската црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[13]
Манастири[14]
Цркви[14]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за овие иселеници од Слепче: Алексовци живеат во Жабјани. Трипуновци и Алексовци живеат во Ропотово. Козаровци живеат во Заполжани. Бачковци, Цупановци и Марковци живеат во Браилово. Од Слепче има и други иселеници во Прилеп и Скопје.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Слепче

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 мај 2020.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 274-275.
  3. Соколоски, М. и Стојаноски, А.. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ. книга 4. Скопје. стр. 72.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 245.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
  11. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 4 мај 2020.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  14. 14,0 14,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]