Веле Марков
Веле Марков | ||
Роден | 12 февруари 1870 Селце, Крушевско, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 23 јуни 1902 Ракитница, Демирхисарско, Македонија |
Велко Петров Марков (12 февруари 1870, Селце, Крушевско — 23 јуни 1902, Ракитница, Демирхисарско) попознат како Веле Марков или со псевдонимот Милтон[1][2] — македонски социјалист и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската социјалистичка група и Македонската револуционерна организација и крушевски војвода. Тој е еден од првите пропагатори на социјалистичките идеи во Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Марков е роден на 12 февруари 1870 во сиромашно семејство во крушевско Селце,[3] тогаш во Отоманското Царство. Во пролетта 1894 година[4] заминува на печалба во Софија, каде што работел како градител и столар. Се запознава со Васил Главинов и станува член на БРСДП. Основач е на столарскиот синдикат во Софија и на Македонско-одринскота социјалдемократска група во 1896 година. Во јануари 1900 година заминува за Крушево, а подоцна поставува во Битола како работи како столар. Во Битола формира социјалистички кружок, а на 16 јуни 1900 година учествува на социјалистичката конференција во Крушевско, на која се решава социјалистичките групи да се влезат во ВМОРО.
Во март 1901 година влегува во четата на Никола Русински, а од август е крушевски војвода. При борбата кај селото Ракитница на 23 јули 1902 година (нов стил) загинува војводата Веле Марков, заедно со шест негови четници, додека Ѓурчин Наумов-Пљакот и уште тројца четници успеале да ја пробијат турската заседа.[5][6][7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 77
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 65
- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 920 стр.
- ↑ Здравко Божиновски, „Веле Марков“, Битола, 2002, 26 стр.
- ↑ Н. К. Майски, „Войвода Велко Марковъ“, „Илюстрация Илинден“, година 5, книга 6, май 1933, стр. 1-3.
- ↑ Енциклопедия „България“, том 4, Издателство на Българската академия на науките, София 1984, стр. 75.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 99.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Предавството и смртта на Веле Марков“
- Песна за Веле Марков Архивирано на 4 март 2016 г.