Наум Петров Буфски
Наум Петров | ||
Роден | 1878 Буф, Леринско | |
---|---|---|
Починал | 21 ноември 1905 Драгош, Битолско |
Наум Петров, познат како Буфски или Буфчето (1878, Буф - 21 ноември 1905 Драгош) — македонски револуционер, битолски и лерински војвода на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација, учесник во Илинденското востание.
Животопис
[уреди | уреди извор]Наум Петров е роден во 1878 година во леринското село Буф, Беломорска Македонија. Неговиот брат Крсто Буфчето бил исто четник во ВМОРО. Образованието го добил од неговиот дедо, поп Костадин Буфски[1], исто така македонски револуционер, учесник во Македонското Кресненско-Разлошко востание. По занимање бил бојаџија. Завршил први клас во Ќустендил.
Во јануари 1903 година влегол во четата на Борис Сарафов и заминал за Битолско. 3а време на Илинденското востание бил назначен за реонски (централен) војвода на Буфкол, Леринско. Во почетокот на востанието неговата чета броела 80 четници од селата Раково, Битуша, Клабучишта, Драгош, Опсирино, Велушина, Света Петка и Градешница. По Востанието се префрлил во кнежевството Бугарија, но набрзо повторно се вратил во Македонија и одново станал реонски војвода.
Испорачал неколкупати бомби во Битола, но при еден инцидент тие експлодирале, при што загинале неколку револуционери на ВМОРО. По Востанието следела борба со грчката црковна и вооружена пропаганда. На 29 октомври четата на Наум Петров извршила неуспешен обид за ликвидација на пелагонискиот грчки митрополит Јоаким. Буфчето загинал кај селото Драгош, Битолско, во битка со турски аскер на 21 ноември 1905 година.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Наум Петров Буфски
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Енциклопедија Maкедоника, Скопје, 2009, стр. 1147