Алексо Поројлијата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Alexo Poroyliata.jpg
Роден 20 октомври 1864
Долни Порој, Егејска Македонија
Починал 15 јули 1903
Стиник, Струмичко, Македонија


Алексo Николов Малчев, познат како Пороjлиjaта или Пороjски бил македонски револуционер, војвода и деец на Македонската револуционерна организација и Врховниот македонски комитет.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Алексо Поројлијата е роден во 1864 година во селото Долни Порој, денес Како Пороя, Грција. Како млад работи самарџиство и земјоделство. Влегува во ВМОРО во почетокот на октомври 1895 година и станува терорист на организацијата. Четник е при Михаил Апостолов и Михаил Поројлијата. Во летото 1900 година е четник при Михаил Чаков, a на крајот на годината бил избран за војвода на Организацијата во Поројско и Петричко.[2] По жалба на четниците, Гоце Делчев му го одзел војводското звање и на негово место го поставил како војвода Миле Поп Јорданов. Алексо се присоединува кон четата на Иван Савов, а подоцна станува самостоен војвода на ВМОК во неговото родно Поројско. Алексо војвода води голем број на борби со турскиот аскер во Поројско и Петричко. Учествува во Горноџумајското востание во 1902 година. Според Христо Силјанов, во обидите за зацврстување на врховизмот во Источна Македонија Алексо се служел со "предавства, гонења и со закани".

Сам ги убива дејци на ВМОРО, Александар Илиев и Петричкиот војвода Кецкаров.

Алексо Поројлијата загинува во борба со турскиот аскер на 15 јули (стар стил)) 1903 година во месноста Аџица помеѓу селата Стиник и Игуменец, Петричко.[3] Тешко е повреден и за да не падне жив во рацете на непријателот се самоубива со револверот. Во истата борба загинува и четник Гого Стојанов од селото Бахтијар. Војската ги исекла нивни главите, ги набила на колци и ги разнесувала низ Стиник, а оттаму во Петрич и Демир Хисар.

Од декември 1901 година до неговата смрт тој води 19 борби со турските потера. Внук на Алексо Поројлијата е Димитар Грчев [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 6
  2. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 6
  3. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 6
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 39.