Петруш Поп Лазаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Петруш Поплазаров)
Петруш Поп Лазаров
Роден ?
Радовиш, денес Македонија
Починал ?
 ?

Петруш Поплазаров — македонски револуционер, комита и радовишки околиски војвода на Македонската Револуционерна Организација.

Петруш Поплазаров е дедо на познатата македонска оперска пејачка Милка Ефтимова, нејзината мајка Катерина е ќерка на војводата.[1]. Петруш Поплазаров е прадедо на македонскиот пејач на забавни и народни песни и првиот победник на фолк фест Валандово Кирчо Поплазаров.

Животопис[уреди | уреди извор]

Петруш Поплазаров е роден во град Радовиш, тогаш во Османлиското Царство. Се приклучува кон ВМОРО, а во мај 1898 година бил уапсен од турските власти. По излегувањето од затворот поминал во илегалност и станал четник кај Велко Миков меѓу 1901-1902 година. Подоцна бил придружник на Гоце Делчев при неговото обиколување во Петричко. После тоа бил назначен за самостоен радовишки војвода со задача да ги организира тајните канали во околијата.[2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Милка на нашата младост“. Архивирано од изворникот на 2016-06-05. Посетено на 2010-11-04.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. Софија, 2001, стр. 135.