Георги Пешков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
GeorgiPeshkov.jpg
Роден  ?
Прилеп, Република Македонија
Починал 1913
Сер, Егејска Македонија

Георги Пешков бил македонски револуционер, учесник во македоснкото револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој е роден во Прилеп, во трговско семејство,во кое и самиот се занимавал со трговија. Со посредство на Даме Груев и Пере Тошев успеал да влезе во редовите на Организацијата. Дејствувал во Битола, Прилеп, Охрид, Ресен и други места. Пешков бил член на Битолскиот окружен комитет и во тоа учествувал на Смилевскиот конгрес. За време на Илинденското востание дејствувал во раководното тело на Кичевскиот реон. Во мај 1904 учествувал и на Прилепскиот конгрес. Загинал за време на Втората балканска војна во 1913 година во градот Сер во Егејска Македонија [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 276.
  2. Кратка биография на Георги Пешков