Прејди на содржината

Лазар Москов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лазар Москов
Роден 1877
Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија
Починал 3 август 1902
Вишени, Костурско, Егејска Македонија

Лазар Москов — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Лазар Москов е роден во 1877 година во Д’мбени, тогаш во Отоманското Царство. Учел во Битолската машка гимназија и во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Таму се спријател со Кузман Стефов и Лазар Поп Трајков и се приклучува на ВМОРО. Војвода е во Костурскиот реон. Најблиски соработници му се Павел Христов, Лазар Киселинчев, Пандо Кљашев и Васил Чекаларов. Имал средба и со Марко Лерински и Гоце Делчев за време на неговата голема обиколка низ Македонија [1]. Се самоубил на 3 август 1902 во Вишени во текот на престрелка со турските аскер, со него е убиен Никола Рашајков [2][3]. За Лазар Москов се пее народната песна:

И за твојата слобода слатка; смрта јуначка покоси нас, но со дрскост вечно живе борбата; и веќе е близу посакуваниот час... [4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Христо Силянов, „Освободителните борби на Македония“, Том I
  2. Бележка от сайта на МНИ[мртва врска]
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 111.
  4. Петров - Македонски, Благой, „Наранена земя“, Бургас, 1995 г., стр.24