Лука Ѓеров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лука Ѓеров
Luka Dzherov IMARO.jpg
Роден 27 октомври 1869
Битола, Отоманско Царство, денес Македонија
Починал 20 ноември 1948
Софија, Бугарија

Лука Ѓеров [белешка 1] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација [1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е на 27 октомври 1870 година во Битола. Основно образование завршил во родниот град, а потоа ја завршил и Солунската егзархиска гимназија. Со револуционерна активност почнал да се занимава во својот град пред создавањето на Организацијата. Во неа е вклучен лично од Даме Груев. Во 1892 год, во Софија, соработувал во списанието Лоза (1892-1894 год.) и во весникот Глас македонски (1893-1898 год.). На двапати со чета влегува во Македонија. Во 1896 год. е именуван за учител во Демирхисарско а потоа во Кичево (1897-1898 год.). За својата револуционерна активност одлежува нешто повеќе од една година во турските затвори во Кичево и Битола. По излегувањето од затворот присуствувал на Смилевскиот конгрес и бил избран за началник на Кичевскиот востанички реон.

При востаничкиот напад на Кичево, командувал со одред од 200 востаници. По востанието се повлекол во Бугарија и таму и се приклучил на Серската група.

Умира во Софија, на 20 септември 1948 година [2]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Во македонската историографија неговото презиме е Ѓеров, меѓутоа понекогаш се сретнува како Геров. Во бугарската историографија неговото презиме е Джеров, односно Џеров

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Кратка биография на Лука Джеров
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 45.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]