Димитар Коштанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Коштанов
Роден 18 март 1879
Горна Џумаја, Пиринска Македонија
Починал 21 мај 1915
Покровник, Горноџумајско, Пиринска Македонија

Димитар Коштанов (18 март 1879 - 21 мај 1915) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, анархист, член на Македонската револуционерна организација и гемиџија [1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Димитар Коштанов е роден на 18 март 1879 година во Горна Џумаја, денес Благоевград. Учи во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Изучува инженерство во Швајцарија, но не завршува. Со анархистичните убедувања се приклучува на ВМОРО и дејствува како терорист на Централниот комитет. Подоцна ги помага гемиджиите. Во 1900 година заедно со Александар Кипров ги заменува уапсените Петар Манџуков, Петар Соколов и Павел Шатев и продолжува да копа тунел под Отоманската банка во Цариград. Во 1901 година турската власт фатила тајна преписка помеѓу Александар Кипров и Христо Матов и го запечатува магацинот во кој се копал тунел. Подоцна Димитар Коштанов успева да избега од турската власт. Во 1902 година станува војвода во Ахчелебиско.

Во 1905 - 1906 година работи во Варна. По Младотурската револуција од 1908 година Димитар Коштанов учествува во основањето на Народната федеративна партија, како делегат од Горна Џумаја и е избран за член на партискиот совет. Занимава со градежништво претприемништво. Учествува активно во јавниот живот на својот роден град. Во 1913 година тој е иницијатор за обнова на локалното читалиште "Согласност" и е негов претседател [2].

Се удавил во реката Струма на 21 мај 1915 година, при изградбата на мост во близина на селото Покровник [3][4].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Скопје, 2003
  2. Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 65.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 85.
  4. Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 461.
Гемиџии
Јордан Поп Јорданов - Орцето | Константин Кирков | Павел Шатев | Марко Бошнаков | Цветко Трајков | Георги Богданов | Милан Арсов | Димитар Мечев | Владимир Пингов | Илија Трчков | Димитар Коштанов