Стојо Хаџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Стоју Хаџиев)
Прејди на: содржини, барај
Stoyo Hadzhiev Leshko IMARO.JPG
Роден септември 1880
Голешово, Македонија
Починал 27 септември 1924
Покровник, Горноџумајско, Пиринска Македонија

Стојо Хаџиев — македонски револуционер, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација, дел од Серската група и Народната федеративна партија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Учител по професија, во 1900 Хаџиев станал секретар на демирхисарската чета, а подоцна и војвода. Во 1901 година е во четата на Јане Сандански. Во 1905 година е делегат на Рилскиот конгрес од Струмичкиот револуционерен округ.

По Младотурската револуција учествувал во детронирањето на султанот Абдул Хамид II и во политичката активност на Серчани за време на младотурскиот режим. На 14 август 1909 година (стар стил), врз него и врз Јане Сандански бил извршен неуспешен обид за атентат од страна на десницата на македонското ослободително движење. На изборите во 1912, заедно со Александар Бујнов бил избран за пратеник на Народната федеративна партија во турскиот парламент од Серскиот санџак.[1]

Во Првата светска војна се борел како бугарски воjник против српските, француските и британските сили.

Во 1919 година станал окружен управител во Струмица назначен од бугарските власти, а од 1920 година бил адвокат во Петрич и председател на Окружната постојана комисија во градот.

Убиен бил за време на Горноџумајските случувања на 27 септември 1924 од терористи на ВМРО (Автономистичка) во село Покровник, Пиринска Македонија.[2][3][4]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Јусуф Хамза „Младотурската револуција во Османската империја“, „Логос-А“, Скопје, 1995, 352 стр.
  2. Македонски научен институт
  3. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.
  4. Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 370.