Атанас Градоборлијата
Атанас Градоборлијата | ||
Роден | 1860 Градобор, Солунско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 24 мај 1903 Градобор, Солунско, Егејска Македонија |
Атанас Димитров наречен „Градоборлијата“ (1860 - 24 мај 1903) — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Атанас Градоборлијата е роден во 1860 година во с. Градобор, Солунско.
Заедно со Иван Карасулијата, Илија Крчовалијата, Апостол Петков и други е меѓу старите арамии, на кои се потпира Гоце Делчев во првите години на изградувањето на ВМОРО и Четничкиот институт.
Градоборлијата е курир, член на тајната полиција и терорист на организацијата. Во 1895 година е уапсен од страна на османлиските власти и затворен во Канл куле во Солун, но по шест месеци успева да избега. Од 1898 година е четник при Михаил Апостолов во Гевгелиско, а подоцна е самостоен војвода во своето родно Солунско. Во 1898 година дејствува заедно со Дончо Златков во Пирин, а во 1902 година со Алексо Поројлијата и Иван Карасулијата.
Атанас Градоборлијата загинува со целата своја чета во мај 1903 година во близина на своето родно село, отруени од Гркомани.[1][2]