Стојко Бакалов

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Стојчо Бакалов)
Стојчо Бакалов
Stoyko Bakalov Churicheni SMAC.JPG
Роден 1872
Починал 1928
Чуричени, Бугарија

Стојко (Стојчо [1]) Бакалов, познат како Бакалчето — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, Македонскиот комитет и Внатрешната македонска револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бакалов е роден во 1872 година во Игуменец, Петричко, тогаш во Отоманското Царство, денес во Бугарија. Станува учител во своето родно село, каде што е посветен во делото на ВМОРО и е избран за нејзин легален раководител. Во 1900 година излегува во илегала и води чета во Петричко и Мелничко.

Четата на Стојко Бакалов, 10 јули 1905 година

Во 1901 година поради злоупотреба на комитетски средства е осуден на смрт од страна на Серскиот окружен револуционерен комитет и преминува на страната на ВМОК. Според Христо Силјанов, Бакалов се наоѓа меѓу најважните "пионери на врховизмот од другата страна на границата (во Македонија б.н)" [2].

Участва во Горноџумајското востание во 1902 година. По текот на востанието на 28 септември 1902 година е еден от ръководителите во борбата при месността "Црна скала" кај село Барбарево, Струмичко. По Младотурската револуција во 1908 година е учител во Крстилци, Петричко.

За време на Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во четата на Дончо Златков, а подоцна во 14 Воденско дружина.

Во расцепот во ВМРО застанува на страната на крилото на Александар Протогеров. Убиен е во 1928 година во Чуричени, Петричко.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003, страна 307
  2. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том I, София, 1933, стр. 160.