Лазар Велков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Lazar Velkov Divlianec IMRO.jpg
Роден 1880
Дивље, Скопско, Македонија
Починал 22 септември 1924
Живиње, Кумановско, Македонија

Лазар Велков познат како Дивљанец или Дивљански, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Четата на Лазар Велков (вториот одлево).

Роден е во скопското село Дивле, тогаш во Отоманската империја. По професија е ѕидари. Влегува во Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација во 1896 година, го предводел селскиот комитет во Дивле и извршувал курирски задачи. Во 1906 година е уапсен од властите и осуден на 15 години затвор. По Младотурската револуција во 1908 година е амнестира. По 1910 година станува војвода на обновена ВМОРО во Скопско.

За време на Првата балканска војна во 1912 година Велков дејствува со четата во Скопско и ги помага сојузничките сили. По Втората балканска војна во 1913 година е уапсен од новите српски власти во Вардарска Македонија и фрлен во затвор во Белград. Во 1914 година успева да избега и во 1915 година се вклучува во чета, со која навлегол во Кумановско. Подоцна дејствува со чета во Скопско [1][2]. Во 1917 година го потпишува мемоарот на македонските Бугари од Македонија од 27 декември 1917 година [3].

Споменик "Паднати за слободата на Македонија" во Ќустендил со името на Велков (29-ти во првата колона).

По Првата светска војна се вклучува во дејноста на обновената ВМРО на Тодор Александров и повторно станува војвода на чета во Скопско. Негов секретар во 1924 година е Петар Станчев [4].

Лазар Велков е тешко повреден во 1924 година во борба со српските сили во месноста Островица помеѓу селата Живине и Колицко и се самоубива [5][6]. Како војвода го заменува Петар Станчев [7].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Лазаров, Кръстю. „Революционната дейност в Кумановско“
  2. Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 133 и 150.
  3. Билярски, Цочо. Протестът на македонските българи срещу Холандско-Скандинавския комитет от 27 декември 1917 година, http://www.sitebulgarizaedno.com
  4. Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 144.
  5. Македонски научен институт
  6. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 90.
  7. Енциклопедичен речник КЮСТЕНДИЛ А-Я, София, Издателство на БАН, 1988 г., стр. 179.