Георги Христов (револуционер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Georgi Hristov Shkrapari.JPG
Роден 18 јануари 1878
Шкрапари, Костурско
Починал 29 октомври 1964
Хасково, Бугарија

Георги Христов бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Христов е роден 1876 година во костурското село Шкрапари, тогаш во Отоманската империја, денес Аспронери, Грција. Израснал и живеел во Хрупишча (денес Аргос Орестико). Студирал во грчкото, а подоцна во бугарското егзархиско училиште во Хрупишча, завршил прогимнјазија во Костур и се запишал во Солунската гимназија. Последниот клас го завршил во Битолската машка гимназија. Заедно со Трпен Марков, Георги Баждаров, Георги Тодоров и Андреј Кезепов формирал ученички револуционерен кружок во Битола, на чело со Марков [1].

По завршувањето влегол во Организацијата, бил покрстен од соученикот си Манол Розов и станал учител во костурското помашко село Галина (денес Оморфоклисија). Во Галина организирал револуционерен комитет и уредил канал за испорака на оружје од Грција, со помош на кираџијат Ставре Сиромахово и ги привлекува кон организацијата и луѓето од соседните села Дреничево (Кранохори), Желегоже (Пендаврисо), Жужелци (Спилеа) и Старичани (Лакомата).

Во периодт меѓу 1901-1902 година е учител во Хрупишча, каде што го предводел Хрупишкиот револуционерен комитет, откако Кузман Стефов паднал во затвор. Христов ги обиколувал костурски села и создавал револуционерни комитети, а со помош на четите на Митре Влаот и Васил Чекаларов успеал да организира и многу мешани егзархиско-патријаршиски и христијанско-турски села. При создавањето на комитет на Организацијата во Старичани Христов го придобил кон Организацијата и идниот костурски војвода Кирјак Шкуртов.

Во јули 1902 година Христов е предаден и уапсен. Ослободен е со општата амнестија во февруари 1903 година по која Христов се вратил на револуционерната дејност и обиколувал со четите на Пандо Кљашев и Митре Влаот, костурски села. Во април 1902 година станал нелегален и влегол во четата на Иван Попов. За време на Илинденското востание, Христов добил задача да изврши напади во Хрупишча, но нападот не бил реализиран поради одбивање на локалниот комитет да помогне [2]. Подоцна дејствувал со четата на Васил Чекаларов во Колоња [3].

По задушувањето на востанието, Христов се засолнил во Грција, а потоа се населил во Бугарија. Се вратил во Грција во март 1904 година со Кузо Блатски, но двајцата се уапсени во Трикала. По ослободувањети со султанската амнестија заминува за Солун, а од таму за враќа во Хрупишча и се легализирал. Таму напрваил обид да ги помири раскараните војводи Нумо Желински и Никола Добролитски, но во мај е уапсен и затворен во Костур, подоцна во Корча и во Битола. Ослободен е дури по една година и бил назначен за егзархиски учител во Хрупишча, а подоцна во Осничани. Како легален активно развивал револуционерна дејност, во неговиот дом престојувале локалните војводи Вангел Поп Христов и Кирјак Шкуртов.

На 13 декември 1907 година повторно бил уапсен, откако властите откриле инкриминирачки документи кај покојниот Кузо Блатски, и бил осуден на 7 години затвор од страбнан на вонредниот безапелационен суд во Битола. Ослободен е по 7 месеци со амнестијата дадена по Младотурската револуција, Христов потоа станал учител во Нестрам и се обидел да се спротивстави на гркоманите во тој регионот. Христов е избран во Националниот околиски комитет, кој треба да ги претставува интересите на егзархиското македонско население пред новите власти. Христов учителствал во Нестрам три години. Во ноември 1910 година е уапсен од младотурското власти, но е ослободен, а за време на разоружувачката акција по една година повторно бил уапсен повторно, за кратко време.

Во периодот помеѓу 1911 и 1912 година, Христов бил учител во Хрупишча и направил обид за поправка на локалното училиште и на егзархискиот параклис и основал пансион за надворешни ученици.

Во 1913 година наставниците Георги Христов и Владислав Томов заедно со сите македонските првенци, по завршувањето на учебната година, се уапсени од новите грчки власти во Хрупишча. Христов бил уапсен и затворен заедно со други уапсени локални Македонци и военизаробеници од зборната чета на Македонско-одринското ополчение. Уапсените биле сместени на пароброд во солунското пристаниште. Кон крајот на јануари 1914 година, Христов заедно со семејството се преселил во Скеча, тошаш дел од бугарската држава, каде што се населиле многу бегалци од Костурско. Таму Христов е меѓу основачите на Костурско братство, член на Комисијата за сместување на бегалците и службеник во мировниот суд за државните имот и во реквизиционната комисија. Во 1919 година станал учител во Скечанската гимназија.

По Првата светска војна, кога Скеча е дадена на Грција, Христов заедно со средното училиште се преселил во селото Смолјан каде што учителствувал две години. Во периодот меѓу 1921 - 1924 година е учител во прогимназијата во Станимака. Работиел на решавање на проблемите на македонските бегалци и е претседател на Друштвото на Македонската федеративна организација до 1924 година. Се преселил во Трново Сејмен, каде што од 1925 до почетокот на 1927 година работел како службеник во конзорциумот за тутун. На 17 јуни 1927 година станал учител во селото Мало Градиште, а од 7-ми октомври е директор на прогимназијата. Подоцна се населил во Хасково.

По окупацијата на Грција во Втората светска војна, во мај 1941 година бугарската влада испратила делегација на Костурското братство во југозападна Македонија. Во неа влегувале Дамјан Илиев, Спиро Василев и Петар Марков од Загоричани, Пандо Киселинчев од Косинец и Георги Христов. Делегацијата ги обиколила Леринско и Костурско на патот Битола - Баница - Екши Су - Зелениче - Загоричани - Хрупишча - Косинец - Лабаница - Смърдеш - Брезница - Руля - Желев - Лерин, каде што на 24 мај присуствувале на манифестација во чест на Св. Кирил и Методиј.

Делегацијата предложила да се испратат Македонци-преведувачи при воените командантсва, да се инсистира во македонските села да се назначуваат кметови Макеоднци и да се формира полиција од локалното макеоднско население, да се дозволи ширењето на бугарски весници и книги, во Битола да се создаде егејски комитет, кој ќе комуницира со бугарските власти.

Христов умрел во Хасково во 1964 година. Оставил ракопис "Хрупишчко", издаден во 2002 година, кој е едно од ретките описи на селата во Костурско [4].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Баждаров, Георги. „Моите спомени“.
  2. Дневник на Киряк Шкуртов, в: „Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание“, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр.61 и 64.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 139.
  4. Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002.