Вангел Поп Христов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден непознато
Брешчени, Костурско, Егејска Македонија
Починал 22 февруари 1907
Жупанишча, Костурско, Егејска Македонија


Вангел Поп Христов бил македонски револуционер, костурски војвода на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Костурско село Брешчени, денес Авги, Грција. Влегува во ВМОРО и извршува терористички задачи. На 15 спроти 16 ноември во Манјак, војската ги опкружила Вангел Поп Христов, Кузо Димитров, Христо Четирски и Аргир Дренички, меѓутоа во текот на борбата успеале да се провлечат и да се заслнат во гората. Како казна, аскерот ги уапсил селаните Атанас Василев, Петар Типов и Димитар Аргиров.

Заедно со Андон Брештенски го убиваат Ахмед бег од селото Желегоже, Костурско. Во 1907 година е назначен за војвода на Костенаријата. Но на пат за реонот загинува во Жупанишча заедно е Митре Влаот, Андон Брештенски и Иљо Вмбелски. Погребан е заедно со своите другари во Апоскеп, откако нивните тела се изложени во Костур.

На 13 март 1907 година, околиската чета на ВМОРО влегува во Жупанишча и ги казнува со смрт предавниците Кољо Гечов, Ставро Шишов и Димитар Апостолов [1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 169 - 174.