Никола Малешевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Спасов Малешевски
Роден 1850
Берово
Починал 1945
Дупница, Царство Бугарија
Познат раководител на ТМОРО
Деца Ана Малешевска

Никола Малешевски — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и началник на Македонската револуционерна организација за Ќустендилската област[1]

Животопис

Биста во градот Берово

Никола Малешевски е роден во 1850 година во Берово, Македонија, тогаш во Отоманското Царство. Добива основно образование во родното Берово.

Развил револуционерна активност во Малешевијата и Пијанечко, и учествува во подготовката на Разловечкото востание од 1876 година предводено од Димитар Беровски.

По неуспехот на бунтот се преселува во Дупница, каде што станува секретар на Комитетот Единство.

Во 1895 година е меѓу творците и на македонско-одринското друштво Единство во Дупница, а притоа бил избран за еден од челновите на раководството.[2]

По Мелничкото востание воспоставува контакт со претставниците на Врховниот комитет, а во 1896 година од страна на Гоце Делчев е поставен за началник на каналите на ВМОРО во Дупница.

Во 1899 година Никола Малешевски и Гоце Делчев го придобиваат Јане Сандански во Организацијата.

Никола Малешевски учествува во киднапирањето на Мис Стон во 1901 година. До 1903 година води пренесување на оружје, пари и материјали за внатрешноста на Македонија.

За време на Илинденското востание војводата Крсто Асенов се оженил со ќерката на Никола Малешевски, Ана. По задушување на востанието, Никола Малешевски им помага на бегалците од загрозените краишта.

Во Балканските војни Никола Малешевски ја води четата на Седмата рилска пешадиска дивизија во борбите за Малешевско и Пијанечко.

Умира на 7 февруари 1945 година во Дупница.

Наводи

  1. Гоцев, Славчо. Никола Спасов Малешевски (1850 – 1945). Живот и дело. София, 2019.
  2. Георгиев, Георги. „Македоно-одринското движение в Кюстендилски окръг (1895-1903)", Македонски научен институт, София, 2008, стр. 19.