Андреј Докурчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андреja Димков Докурчев
Andrei Dimov IMARO.JPG
Роден 1878
Велес, Македонија
Починал 11 октомври 1907
Будинарци, Беровско, Македонија Македонија
Познат војвода на ТМОРО

Андреј Димков Докурчев или Андреа Димов со псевдоним Докурче[1] или Осман Бегович[2] ( 1878, Велес - 11 октомври 1907, Будинарци, Беровско) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно двиежење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Андреј е роден во 1878 година во Велес, Македонија, тогаш во Отоманското Царство. Се школувал во Солун. Станал член на Организацијата во 1894 година, а со нелегален станал во 1896 година, кога се приклучил во четата на Андон Ќосето, а подоцна бил четник и при Михаил Апостолов[3] и Крсто Асенов.

Докурчев бил горноџумајски околиски војвода во 1901 година. Учествувал во ликвидирањето на злогласниот бег од кукушкото село Мурилово. Исто така, учествувал во аферата Мис Стон.[3]

За време на Илинденското востание бил војвода на првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон и на 2-ри спроти 3-ти август, активно учествувал во ослободувањето на Крушево. Во таа прилика тој раководел со 14 востаници од Крушево и со 52-ца востаници од село Крушеани и Света, особено при завземањето на турскиот уќумат, поштенско-телеграфската станица и беледието (општината) во Крушево.[3]

За време на Илинденското востание учествувал во заштитата на Крушевската република, а по востанието повторно бил војвода во Горноџумајско во периодот 1904 - 1905 година.

Од следната 1906 година бил нелегален член на Струмичкиот окружен револуционерен комитет и ревизор на четите. Загинал на 10/11 октомври 1907 година во месноста Бел камен во близина на селото Будинарци, Малешевско.[4][5] Убиен е од заседа од страна на врховистите. Убиството го извршил арамијата Грушир по заповед на врховистите од Софија.[6]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 71
  2. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 74
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 158–159. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 50-51.
  5. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 282.
  6. Динев, Ангел (1987). Илинденска епопеја II. Скопје: Мисла. стр. 294.