Крушеани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крушеани
Крушеани is located in Македонија
Крушеани
Местоположба на Крушеани во Македонија
Координати 41°18′42″N 21°20′59″E / 41.31167° СГШ; 21.34972° ИГД / 41.31167; 21.34972Координати: 41°18′42″N 21°20′59″E / 41.31167° СГШ; 21.34972° ИГД / 41.31167; 21.34972
Регион Прилепско Поле
Општина Coat of arms of Krivogaštani Municipality.svg Кривогаштани
Население 578 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 567 м
Крушеани на општинската карта
Krivogaštani Municipality.svg

Атарот на Крушеани во рамките на општината


Крушеани е село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Пелагонија, во западниот дел на Прилепското Поле. Оддалечено е 22 километри од градот Прилеп и 3 километри од општинскиот центар Кривогаштани. Атарот на селото Крушеани граничи со атарите на следните села: од север со Кривогаштани, од исток со Врбјани, од запад со Свето Митрани и Пресил/Милошево, од југ со Воѓани и Обршани.

Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Капиџица, Воденишта, Градски пат, Сред пат, Голем пат, Блато, Домазетица, Бозје, Горно капина, итн.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза во Отоманската Империја.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Крушеани живееле 260 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Крушеани имало 448 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Крушеани живеат 578 жители, од кои 574 Македонци, 1 Србин и 3 останати.[4]

На таблата е прикажан бројот на население низ сите пописни години: [5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 260[2] 160[3] 705 768 869 837 835 744 571 578

Крушеани во текот на пописните години бележи пад на населението, така што преминала од голема во средна по големина населба.

Родови[уреди | уреди извор]

Крушеани е чисто македонско православно село, во кое живеат староседелски и доселенички родови.

Родови во Крушеани се: Аќимовци (19 к.), Граоровци (15 к.) и Китановци (7 к.) староседелци; Ѓорговци (10 к.) доселени се на почетокот на ХVIII век од селото Смилево, во Железник, ја знаат следната генеологија Боце (жив на 57 год. во 1951) Никола-Спасе-Ристе-Анѓеле-Трајан-Ѓоре-Славе-Смиле кој се доселил од Смилево; Суљовци (3 к.) деленици се од родот Ѓорговци; Начовци (5 к.) и Прчковци (1 к.) некогаш биле еден род, доселени се однекаде; Мертовци (1 к.) доселени се однекаде; Дивјаковци (11 к.) доселени се во XIX век од некое од крушевските села Горно или Долно Дивјаци; Патлиџановци (6 к.) и Придаенковци (4 к.) доселени се во XIX век од Кривогаштани; Митовци (2 к.) доселени се во 1902 од селото Кривогаштани, таму имаат истоимени роднини кои се старинци; Маневци (3 к.) доселени се од соседното село Врбјани, таму имаат роднини Јандровци и Дамчевци, подалечно потекло имаат од некое село во Охридско; Пулевци (7 к.) доселени се во 1906 од селото Пресил, таму се доселени од Воѓани; Белевци (5 к.) доселени се на крајот на XIX век од Воѓани; Турникаповци (3 к.) доселени се од Тројкрсти крајот на XIX век; Пасковци (3 к.) доселени се во 1913 од Обршани, таму се доселени од некое место во Албанија; Недановци (1 к.) доселени се од Пресил, таму се доселени од Воѓани; Бутраковци (3 к.) доселени се на крајот од XIX век од Големо Коњари, и таму се доселени од некаде.[1]

Религија и култура[уреди | уреди извор]

Цркви[6]
  • Црква „Св. Никола“ - еднокорабна засводена градба. Изградена и осветена е во 1970 година;
  • Црква „Св. Атанасиј“ - еднокорабна засводена градба, поделена со трем на половина. Изградена е во 1860 година и истата година е осветена;
Археолошки локалитети
Спорт

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселеници од Крушеани има на многу места низ Македонија, пред се постари иселеници по околните прилепски села, кои се иселени од разни причини, а највише како домазетовци. А кон крајот на XIX век од селото целосно се иселил староседелскиот род Шукулевци, за кои се вели дека биле многу богати, они од селото се иселил од зулуми, кои ги вршеле муслиманите. Тие се иселиле во Крушево, Могила, Горно Коњари, Воѓани, Прилеп и Бугарија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоњо, Београд 1998 стр 344-345
  2. 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.237.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  7. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]