Горно Дивјаци
Горно Дивјаци — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Горно Дивјаци — село во околината на Крушево, од кое е одалечево 14 км, соседни села се Пласница и Дреново од северната страна, Белушино од источната страна, Арилево и Долно Дивјаци од јужната страна, и Пуста Река од западната страна.
Месностите во атарот на селото се следните: Младеноа Слива, Арилеска Река, Петков Гроб, Волчев Камен, Рамна Нива, Распаќе, Усејноа Ливада, Беглишта и др.[1]
Историja[уреди | уреди извор]
Селото е настанато од доселеници, порано се викало Бајлак Дивјаци. Селото го основале три рода, Куменџиовци, Бајдевци и Грујовци.[1]
Во XIX век, Горно Дивјаци се наоѓало во Битолската Каза,, Крушевска нахија, во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горно Дивјаци имало 285 жители, сите Македонци христијани.[2]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Дивјаци имало 400 жители.[3]
Во 2002 година во селото живееле 46 жители, сите Македонци.[4]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Населие | 285[2] | 400[3] | — | — | 275 | 183 | 121 | — | 46 |
Родови[уреди | уреди извор]
Горно Дивјаци е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:
- Доселеници: Куменџиовци (14 к.) доселени се од селото Косоврасти, Дебарско (денес Горно и Долно); Бајдевци или Јанкуловци (33 к.) доселени се од раселеното село Барбарос, Порече, се доселил предокот Бајдо, го знаат следното родословие: Соколе (жив на 59 г. во 1951 година) Никола-Сиљан-Ѓорги-Анѓеле-Бајдо, кој се доселил; Грујовци или Балабановци (2 к.) доселени се однекаде.[1]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1206 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова изборно место е опфатено и селото Арилево.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 18 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Кошари — средновековна црква со некропола;
- Лески — доцносредновековна населба;
- Петров Гроб — доцноантички рудник;
- Стајколас — средновековна некропола;
- Црквен Даб — средновековна населба;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:[1]
- Од Куменџиовци во: Романија (три семејства), Белград (едно семејство) и во Врбоец (едно семејство).
- Од Бајдевци или Јанкуловци во: Белград (едно семејство) и во САД (едно семејство).
- Од Грујовци или Балабановци во: Романија (едно семејство).
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Русиќ, Бранислав. Железник-Горно Дивјаци. Архивски фонд на МАНУ АЕ 97/1а.
- ↑ 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 172-173.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|