Бирино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бирино
Бирино is located in Македонија
Бирино
Местоположба на Бирино во Македонија
Општина Крушево
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Бирино на општинската карта
Бирино во Општина Крушево.svg

Атарот на Бирино во рамките на општината
Commons-logo.svg Бирино на Ризницата

Бирино е раселено село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во пазувите на Бушева Планина, и од општинското средиште, наречен градот Крушево, е оддалечено 12 километри.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Брина и имало 30 семејства и 2 неженети, сите христијани.[1]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Селото е раселено и според пописот од 2002 година, во селото немало повеќе жители.[2]

На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[3]

Година 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Населие 56 62 61 13 / / / /

Родови[уреди | уреди извор]

Бирино било македонско село.

Родови во селото биле: Талевци (1 к.) доселени биле кон крајот од XIX век од некое село во Железник; Андреевци (1 к.) доселени биле од селото Селце, таму им била изгорена куќата. Во Селце припаѓале на родот Стевановци; Мицковци (2 к.) доселени биле пред крајот на турското владеење од селото Горно Дивјаци; Крстевци (1 к.) и Марковци (2 к.) доселени биле во 1928 година од селото Острилци; Јошевци (1 к.) доселени биле во 1942 година од селото Острилци, таму им биле род Марковци; Ѓурчиновци (1 к.) доселени биле во 1943 година од селото Годивје, Дебрца.[4]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 1199 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Свето Митрани.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 301 гласачи.[6]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.66
  2. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  4. Trifunoski F., Jovan (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  5. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  6. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]