Селце (Прилепско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Селце
Selce, Prilep.jpg

Панорама на село Селце

Селце is located in Македонија
Селце
Местоположба на Селце во Македонија
Координати 41°19′32″N 21°34′23″E / 41.32556° СГШ; 21.57306° ИГД / 41.32556; 21.57306Координати: 41°19′32″N 21°34′23″E / 41.32556° СГШ; 21.57306° ИГД / 41.32556; 21.57306
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 294 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7515
Надм. вис. 750 м
Селце на општинската карта
Селце во Општина Прилеп.svg

Атарот на Селце во рамките на општината
Commons-logo.svg Селце на Ризницата

Селце е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Историja[уреди | уреди извор]

Селце е мало населено место во близина на Прилеп. Наносното земјиште западно од Селце е ниви под тутун, жито и лозја. Стрмната планинска падина источно од селото служи како испаша. Вода за пиење се добива од две чешми. Селце е село од збиен тип. Еден дол го дели селото на Горно и Долно маало. Маалата се состојат од група сроднички куќи. Во селото има вкупно 54 домаќинства (1954г.). Имињата на потезите западно од селото се: Кула (постоела кула за чување на грозјето), Гарчев дол , Крива река, Дујгас и Селчишта. Називите на потезите над селото се: Попова нива, Скала, Црвени стени, Крстови, Селиште, Дунова нива, Бела чешма, Мал и Голем здравец, Калусовац, Жолт вир, Ветривица, Бачилиште Преслоп, Мечка, Заполшко, Чалма.

На потезот на Мечка југоисточно од Селце 1948г. селанецот Киро Ацески, нашол мал земјен сад. Во него имало 17 сребрени српски динари од 14 век. Околу 800 метри источно од населбата покрај денешниот манастир Св. Димитрија, се наоѓа потезот Селиште. Таму према традицијата „живееле прадедовците на денешните старински родови. Тоа село имало се на се седум куќи. Земјата на која лежи денешно Селце, во тоа доба припаѓала на некој турски бег. На почетокот на 19 век земјата од бегот ја купиле селаните од Селиште. Одма после тоа ја преместиле населбата на денешната локација. Манастирот Св. Димитриј е изграден околу 1918г. До тогаш тука се наоѓале рушевини од стариот храм. Во 1927г. на овој манастир селаните му подариле нешто земја. Во Долно маало има црква на Пресвета Богородица изградена од пред околу 100 години. Околу неа има гробишта. Целото население слави црковна слава .

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на Селце

Селото Селце е сместено во северното подножје на Селечка Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 750 m. Селце е село од збиен тип, а еден дол го дели на Горно и Долно маало.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лешки живееле 120 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешки имало 400 Македонци, егзархисти.[2]

Во 2002 година во селото живееле 294 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 120[1] 400[2] 320 365 322 295 291 297 310 294

Родови[уреди | уреди извор]

Селце е македонско село.

Родови во Селце се: Кочовци (10 куќи), Кецуљовци (6 куќи), Есенковци (5 куќи) и Утковци (5 куќи) староседелци; Зајковци (6 куќи) доселени се од Мариово; Пашовци или Лолевци (1 куќа) доселени се однекаде; Митревци (10 куќи) доселени се од некое село во Железник; Ќуфтевци (4 куќи) доселени се од Дупјачани, таму им се род Белковци, подалечно потекло од Будаково; Опеловци (2 куќи) доселени се од Беловодица; Велковци (1 куќа) доселени се од Чумово; Маријовци (3 куќи) доселени се од мариовското село Кокре; Димитрија (1 куќа) доселен од Кајлари во 40тите на 20ти век.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастирот „Св. Димитрија“

Во близина на ова прекрасно прилепско село, во подножјето на планината Селечка, позади месноста викана Шаторов камен се наоѓа Манастирскиот комплекс посветен на Св.в-мч. Димитриј Солунски.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

На 28 јули 1904 година четата на Никола Каранџулов била откриена од Турците во околината на прилепското село Селце, во месноста Црвена Стена. Во повеќечасовната нерамна борба, покрај другите, загинал и војводата Никола Каранџулов.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Селце има многу иселеници во Прилеп - околу 30 фамилии. Иселениците се гранки на денешните родови, најмногу од родот Есенковци, Митревци, и Пашовци. Околу 15 мажи од ова село засекогаш се иселиле во Северна Америка.

Цркви и манастири[уреди | уреди извор]

Во атарот на селото има два манастири посветени на:Св. Димитриј и Пресвета Богородица и една селска црква|.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.245.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]