Галичани
Галичани | |
Галичани гледано од железничката станица | |
Координати 41°18′18″N 21°28′41″E / 41.30500° СГШ; 21.47806° ИГДКоординати: 41°18′18″N 21°28′41″E / 41.30500° СГШ; 21.47806° ИГД | |
Регион | Прилепско Поле |
Општина | ![]() |
Население | 251 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 20019 |
Слава | Св. Атанасиј Летен |
![]() |
Галичани — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Галичани се наоѓа во Прилепско Поле, југозападно од градот Прилеп.
Историја[уреди | уреди извор]
Галичани претставува старо село во Прилепскиот крај. За него постои помен уште од средниот век: се споменува во 1335 година.[1]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Каличани и имало 35 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]
При крајот на турското владеење во селото постоеле повеќе чифлици: Османов, Чаталоски, Амет-Ножарски, Ќамиловски, Фаиковски, Раифов, Амди-бегов, Шевет-бегов, Рамзи-бегов, Џемаилов.[3] По 1912 година, жителите ја откупиле земјата од муслиманските сопственици.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Галичани живееле 300 жители, сите Македонци.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Галичани имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според пописот од 2002 година, селото Галичани има 251 жител, сите Македонци.[6]
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[7]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300[4] | 200[5] | 231 | 301 | 341 | 359 | 338 | 270 | 253 | 251 |
Родови[уреди | уреди извор]
Галичани е македонско село.
Родови во селото се:
- Доселеници: Јуруковци (5 куќи) доселени се од мариовското село Полчиште. Некој нивен предок (Трајче) седел како измеќар кај некој бег во Канатларци и по тоа го добиле името; Томевци (6 куќи) живееле во Коњари, Кадино Село и Беровци. Овде се доселени крајот на XIX век; Музревци (2 куќи) доселени се во XIX век од селото Кадино Село, подалечно потекло од селото Трап, таму биле старинци; Стевановци (1 куќа) доселени се од Загорани, каде припаѓале на родот Брсјаковци, подалечно потекло од областа Железник; Илијовци (1 куќа) доселени се од Кадино Село, таму припаѓале на родот Самарџијовци доселен од некое битолско село; Бандеревци (6 куќи) и Бетевијовци (2 куќи) доселени се однекаде; Тамбуљевци (6 куќи) и Барлевци (2 куќи) првите се доселени од селото Кадино Село, а вторите од селото Врбоец во 1915 година; Србиновци (1 куќа) и Момировци (1 куќа) порано биле еден род доселени се од поречкото село Белица во 1938 годинаБелица; Костовци (2 куќи) доселени се од поречкото село Манастирец во 1938 година; Димовци (2 куќи), Дејановци (1 куќа) и Милевци (1 куќа) доселени се од поречкото село Могилец во 1938 година.[8]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- ЖС „Галичани“ — месната железничка станица
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1434 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 189 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ од XVII век
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Галичанска Рудина — храм од римско време
- Црква Св. Атанас — осамени наоди од римско време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Шумкаровци иселени се во Мажучиште. Барлевци иселени се во Мало Коњари. Черкези, Томевци и Бутрка иселени се во Беровци. Милошевци иселени се во Старо Лагово. Томевци иселени се во Волково.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 333.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 87
- ↑ 3,0 3,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 334.
- ↑ 4,0 4,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
- ↑ 5,0 5,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуновски, Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 293. ISBN 9989-649-28-6.