Шелеверци
Шелеверци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во областа Пелагонија.
Историја[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шелеверци живееле 66 жители, сите Македонци.[2]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Шелеверци имало 80 Македонци, патријаршисти.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, во Шелеверци живееле 21 жител, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 66 | 80 | 130 | 124 | 137 | 137 | 81 | 44 | 33 | 21 | 6 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Шелеверци е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички, повеќето родови не знаат од каде се доселени.
Родови во Шелеверци се:
- Доселеници: Ацевци (3 к.), Јанкуловци (2 к.), Јаричевци (1 к.) и Мишевци (1 к.) доселени се однекаде; Кузмановци (8 к.) и Вршковци (2 к.) потекнуваат од некое место во Преспа. Од Преспа најпрво се населиле во селото Мало Рувци. Потоа се преселиле во селото Шелеверци. Имаат роднини во селото Ерековци; Николовци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од Беровци; Мариовци (1 к.) доселени се од мариовското село Гуѓаково.[9]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1498 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
á== Поврзано ==
- Клекоперци — историско село во близина на Шелеверци, опустошено за време на Мариовско-прилепската буна од 1564-65 г.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 244. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.