Прилепец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прилепец
Стари куќи - с. Прилепец.jpg

Стари куќи во Прилепец

Прилепец во рамките на Македонија
Прилепец
Местоположба на Прилепец во Македонија
Прилепец на интерактивна карта

Координати 41°17′44″N 21°35′8″E / 41.29556° СГШ; 21.58556° ИГД / 41.29556; 21.58556Координати: 41°17′44″N 21°35′8″E / 41.29556° СГШ; 21.58556° ИГД / 41.29556; 21.58556
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 4 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20086
Надм. вис. 840 м
Прилепец на општинската карта
Прилепец во Општина Прилеп.svg

Атарот на Прилепец во рамките на општината
Commons-logo.svg Прилепец на Ризницата

Прилепец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Прилепец е планинско село. Се наоѓа на Дрен Планина, јужно од градот Прилеп. Соседни населби се Волково и Чумово.

Историја[уреди | уреди извор]

Споменик во Прилепец посветен на деветмината борци од партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ кои на 19 декември 1942 година откако беа предадени загинаа во борба против бугарската војска и полиција

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

На 20 декември 1942 година во Прилепец бил опколен и разбиен партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ од страна на бугарската војска. Во борбата загинале Стеван Базеркоски - Лански, Борка Спасески-Влачарот, Стеван Димески, Димче Мирчески, Гога Јанкуловски, Пројче Најдоски-Сокле, Бошко Јосифовски и Менде Бошкоски, а Киро Фетак бил фатен и одведен во касарната во Прилеп, каде подоцна бил сурово мачен и убиен.

Жени перат на изворите до с. Прилепец, за време на Првата светска војна, 1918 година

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948163—    
1953161−1.2%
1961148−8.1%
197179−46.6%
198179+0.0%
ГодинаНас.±%
199133−58.2%
199441+24.2%
20029−78.0%
20214−55.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прилепец живееле 140 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прилепец имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Прилепец живеат 9 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 140 176 163 161 148 79 79 33 41 9 4
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Прилепец е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци или со непознато потекло: Ѓондевци (1 куќа) они се многу стар род, возможно е да се староседелци.
  • Доселеници: Вишиновци (13 куќи) доселени се од селото Мало Илино во Железник. Од таму избегале „од албанците“. го знаат следното родословие: Наум (жив на 73 г. во 1954 година) Тасе-Наум-Кочо-Вишин, предокот кој се доселил во селото, тоа било почетокот на XIX век; Џамеровци (9 куќи) доселени се од Дебарско. Во местото на старина Турци сакале да им земат некоја девојка и затоа избегале, најпрво во Лагово па во Волково и на крај во Прилепец, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 82 г. во 1954 година) Богоја-Митре, се доселил неговиот татко; Милошевци (5 куќи) и они се доселени од дебарска страна.[9]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Стара куќа во Прилепец

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1437 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастирската црква „Св. Никола“
Цркви
Манстири
Езера

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150-151.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]