Топлица (Прилепско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Топлица
Топлица is located in Македонија
Топлица
Местоположба на Топлица во Македонија
Координати 41°24′2″N 21°44′30″E / 41.40056° N; 21.74167° E / 41.40056; 21.74167Координати: 41°24′2″N 21°44′30″E / 41.40056° N; 21.74167° E / 41.40056; 21.74167
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 5 жит.
(поп. 2002)
Шифра на КО 20102
Слава Св. Мина
Топлица на општинската карта
Топлица во Општина Прилеп.svg

Атарот на Топлица во рамките на општината
Commons-logo.svg Топлица на Ризницата

Топлица — село во областа Раец, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото е дел од Прилепската каза во Отоманското Царство.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Раец, во територијата на Општина Прилеп, во една од јужните падини на планината Бабуна и од левата страна на регионалниот пат Прилеп-Кавадарци. Расположено е на надморска височина од 900 метри и од градот Прилеп е оддалечено 25 километри.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Топлица живееле 420 жители, сите Македонци.

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живеале 384 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија, додека според пописот во 2002 година во селото живеат само 5 жители, Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[1] 1905[2] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 420 384 240 221 144 73 15 8 6 5
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[3]

Родови[уреди | уреди извор]

Топлица е македонско село.

Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Стојановци (23 к.) и Војчевци (9 к.)
  • Доселеници: Навртковци (10 к.) доселени се во средината на XVIII век од селото Магарево кај Битола; Мијаковци (8 к.) доселени се на крајот од XVIII век од некое село во мијачкиот крај; Кишковци (1 к.) доселени се во 1867 година од селото Ракле; Вакановци (1 к.) доселени се во 1895 година од селото Кокре во Мариово.[4]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 1426 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа на селото Тројаци.[5]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 6 гласачи.[6]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од 1900 до 1912 година од ова село се иселиле на следните места. Прилеп (12 семејства), Крагуевац, Русе, Романија и САД.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  2. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  3. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  4. 4,0 4,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
  5. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  6. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]