Плетвар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Плетвар
Пат низ Плетвар.jpg

Поглед на селото Плетвар

Плетвар is located in Македонија
Плетвар
Местоположба на Плетвар во Македонија
Координати 41°22′10″N 21°39′05″E / 41.36944° СГШ; 21.65139° ИГД / 41.36944; 21.65139Координати: 41°22′10″N 21°39′05″E / 41.36944° СГШ; 21.65139° ИГД / 41.36944; 21.65139
Регион Coats of arms of None.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Област Раец
Население 22[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 048
Надм. вис. 990 м
Плетвар на општинската карта
Плетвар во Општина Прилеп.svg

Атарот на Плетвар во рамките на општината
Commons-logo.svg Плетвар на Ризницата


Плетвар — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Географијa и местоположба[уреди | уреди извор]

Плетвар се наоѓа во близина на истоимениот превој, кој ги разделува планините Дрен и Бабуна и ги поврзува Пелагонија и градот Прилеп со Раец и Тиквешијата. Селото е планинско и е сместено на надморска височина од 990 м. Од градот Прилеп е оддалечено 9 км. Селскиот атар зафаќа површина од 18,8 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Споменик на НОБ во Плетвар

Во XIX век, Плетвар било македонско село во Прилепската кааза на Отоманската Империја. Според Георги Трајчев, во селото работело училиште од 1846 година, а во 1902 година била изградена нова училишна зграда.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 704 ха, на шумите отпаѓаат 515 ха, додека обработливото земјиште зафаќа површина од 279 ха.[2] Во близина на селото има наоѓалиште на бел мермер.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Плетвар е посочено како село со 48 домаќинства и 208 жители.[4]

Според статистиката на Васил К‘нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Плетвар имало 472 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Плетвар имало 456 жители.[6]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 22 жители, од кои 21 Македонец и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 472 456 426 387 331 177 87 44 30 22
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Плетвар е македонско село.

Родови од селото се следниве:

  • Староседелци: Соколовци (7 куќи), Трпановци (4 куќи), Мурџевци (4 куќи), Кочовци (3 куќи), Порјезовци (1 куќа), Стојчевци (6 куќи), Мурговци (3 куќи), Крнчевци (2 куќи), Чафкаровци (2 куќи), Оџовци (2 куќи) и Карачковци (2 куќи).
  • Доселеници: Никовци (6 куќи) доселени се од Тиквеш, Караиловци (5 куќи) доселени се од Кавадарци, Дуковци (6 куќи) доселени се од мариовското село Кокре, Шијаковци (11 куќи) доселени се од селото Никодин, Будевци (3 куќи) и Вељановци (1 куќа) доселени се од непознат крај.[10]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; а во периодот од 1952 до 1962 година било седиште на истоимената Општина Плетвар.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа изборното место бр. 1422 кое е сместено во приватна куќа.[11]

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 11 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Кузман и Дамјан“
Археолошки наоѓалишта[13]
Цркви
Споменици
  • Споменик на НОБ.
Реки

Природа[уреди | уреди извор]

Чингова окатка (Pseudochazara cingovskii), ендемски вид кој се среќава само во околината на Плетвар

Во околината на селото се среќава ендемскиот вид на пеперутка Чингова окатка. (Pseudochazara cingovskii)[16]

Личности[уреди | уреди извор]

Починати во Плетвар

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 7 јуни 2019. 
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 236. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/1a/%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. 
  3. 3,0 3,1 Трайчевъ, Георги (1925). Градъ Прилѣпъ. София: Македонска библиотека № 6. Печатница „Фотиновъ“ №1. стр. 359. http://www.strumski.com/books/%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4%20%D0%9F%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF.pdf. 
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 78-79.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 245.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  11. „Изборна единица 4: Општина Прилеп“ (PDF). конс. 7 јуни 2019. 
  12. „Претседателски избори 2019 (Втор круг)“. конс. 7 јуни 2019. 
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  14. Црква „Св. Кузман и Дамјан“, село Плетвар“. OldPrilep. 14 април 2012.
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 36. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 
  16. van Swaay, C., Wynhoff, I., Verovnik, R., Wiemers, M., López Munguira, M., Maes, D., Sasic, M., Verstrael, T., Warren, M. & Settele, J. (2009). Pseudochazara cingovskii. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2010.4. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 23 март 2011.  (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]