Дрен (планина)

Координати: 41°17′35″N 21°40′6″E / 41.29306° СГШ; 21.66833° ИГД / 41.29306; 21.66833
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дрен Планина)
Дрен
планина
Глетка од планината Дрен
Регион Балкан
Се граничи со Македонија Македонија
Највисока точка Ливада
 - височина 1.663 м
Дрен (планина) во рамките на Македонија
Местоположба на Раечката Котлина во Македонија

Дрен Планина (или само Дрен) — средновисока планина во Македонија што се протега помеѓу Мариовската Котлина на југ и Раечката Котлина на североисток. Со своето протегање планината Дрен ги заградува од исток Прилепското Поле и Пелагонија и самиот град Прилеп, на југ нејзините падините ја оградуваат длабоката долина на Црна Река во Мариово, од запад ја заградува долината на Раечка Река. На север, планината Дрен преку превојот Плетвар е поврзана со планината Бабуна, во јужниот дел преку патот за селото Бонче и поранешното село Писокал, планината е поврзана со Селечка Планина. Всушност претставува продолжение на Селечка Планина со правец на протегање ЈИ-СЗ. Највисок врв е Ливада (1.663 м) во западниот дел, Четири Буки (1.476 м) и Трите Страги (1.476 м) во источниот дел. Од превоите најголема улога игра превојот Лигуроса (1.152 м), што го поврзува Раец со Мариово.[1]. Освен по правецот на протегање, Дрен Планина се разликува од Селечка Планина и по геолошкиот состав кој овде главно го чинат карпи од мермерната серија[2], за што на двете падини постојат и најпознатите наоѓалишта и ископи на мермер како Сивец и кај селата Беловодица на северната и Вепрчани на јужната падина. Поради мермерниот и делумно варовничкиот состав на почвата постојат пештерите Гулабинка, Пешти и Подот на јужната падина, а подземно во планината има големи количества на вода кои избиваат во силните Гуѓаковски Извори под јужната падина на левиот брег на Црна и полнењето на т.н. Мермерно езеро кај Беловодица на северната падина. Од растителниот свет застапени се листопадните шуми на даб, брест, дрен, поретко бука и топола, а на значајно големи површини особено на јужните падини во долината на Црна Река е застапена и зимзелената борова шума.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Географско друштво на СР Македонија (1989). Географски разгледи (27-30. изд.). Скопје: Друштво.
  2. Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 64.

41°17′35″N 21°40′6″E / 41.29306° СГШ; 21.66833° ИГД / 41.29306; 21.66833