Раечка Котлина
Раечка Котлина или Тројачка Котлина, позната и само како Раец — котлина и историско-географска област во јужна централна Македонија. Се наоѓа помеѓу планините Бабуна на север и Дрен на југ. Низ неа води патот кој ги поврзува централните делови на земјата со југозападните. Котлината е долга околу 10 км, а широка 5 км и има облик налик на банана. Низ котлината протекува Раечка Река, која ги собира водите на неколку други помали притоки.
Во областа се наоѓаат селата: Дреново, Раец, Голем Радобил, Мал Радобил, Царевиќ, Топлица, Тројаци и Беловодица. Овие села не се наоѓаат во рамничарскиот дел, туку тие се под височините и затскриени во шумските комплекси. Така, рамничарскиот простор изгледа пуст.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Раечка Котлина — портал „Крале Марко“
- Котески, Цане (2004) Тематски атлас на Мариово и Раечка котлина. Магистерски труд, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”- Скопје.
Координати: 41°21′35″N 21°44′20″E / 41.35972° N; 21.73889° E