Мало Коњари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мало Коњари
Мало Коњари is located in Македонија
Мало Коњари
Местоположба на Мало Коњари во Македонија
Координати 41°20′12″N 21°27′48″E / 41.33667° СГШ; 21.46333° ИГД / 41.33667; 21.46333Координати: 41°20′12″N 21°27′48″E / 41.33667° СГШ; 21.46333° ИГД / 41.33667; 21.46333
Регион Прилепско Поле
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 727 жит.
(поп. 2002)

Мало Коњари е село во Општина Прилеп, во Прилепско Поле, во околината на градот Прилеп.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Мало Коњари е рамничарско село, сместено во Прилепско поле. Селото се наоѓа западно од градот Прилеп. Покрај селото поминува регионалниот пат R516 Прилеп - Крушево - Сладуево.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Мало Коњари живееле 340 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Мало Коњари имало 240 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, селото Мало Коњари брои 727 жители, од кои 723 Македонци, 2 Срби и 2 останати.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 340[1] 240[2] 643 702 786 804 829 752 713 727

Родови[уреди | уреди извор]

Мало Коњари е чисто македонско православно село, во непосредна близина се наоѓаат две села со името Коњари, Големо и Мало. Населението во Мало Коњари е доселеничко.[5]

Родови во Мало Коњари се: Анѓелевци (10 к.), порано се викале Кусевци, доселени се од некое место во албанското крајбрежје, во Прилепско дошле заедно 3 гранки, едната во Мало Коњари, втората во Кадино Село (Јововци) и третата во Свето Митрани (Коларовци), во Анѓелевци се знае следната генеологија Алекса (24 год. во 1951 година) Никола-Димо-Петре-Наум, дошол таткото или дедото на Наум, крајот на ХVIII век; Тикваровци (15 к.), доселени се одма после родот Анѓелевци, потеклото им е од Тиквеш; Караиловци (18 к.), потекнуваат од предокот Кара Илија, кој дошол од Ерменија, крајот на ХVIII век, овој род го викаат и Ерменковци. Ја знаат следната генеологија Богоја (71 год. во 1951 година) Јован-Мирче-Коте-Кара Илија кој се доселил; Галевци (5 к.), доселени се од селото Свињишта, Охридско; Каравеловци (6 к.), доселени се од селото Ерековци, ја знаат следната генеологија Боге (58 год. во 1951 година) Ордан-Нешко-Веле; Бабановци (9 к.), доселени се од селото Новоселани, и таму се однекаде доселени; Настевци (8 к.), доселени се од Македонски Брод; Прдешковци (5 к.) доселени се во почетокот на XX век од Чепигово; Врбјанци (2 к.), доселени се од соседното село Врбјани, таму припаѓале на родот Јефтинџиовци, подалечно потекло од Кореница; Мисирковци (3 к.), доселени се од Боротино; Барлевци (5 к.), доселени се од Галичани, во Галичани и Боротино имаат роднини, подалечно потекло имаат од Кадино Село; Аџијовци (7 к.), доселени се од некое село во Порече; Трајковци (3 к.), доселени се од селото Беровци; Бегалиновци (2 к.), „шетале како момци по селата“ во Мало Коњари се доселени од Големо Коњари и Шеровци (2 к.), доселеници со непозната старина.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото се наоѓа црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Млекар

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.246.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1998). Битолско-Прилепска Котлина. Белград. стр. 348-349-350. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]